Јуни е фокусот на Скопје за одмрзнување на поддршката од Софија, патоказот решение за предвидливост на имплементација на Договорот


Јунскиот самит на лидерите на земјите членки на ЕУ е фокусот на дипломатските и политичките напори на Скопје да обезбеди поддршка од Софија за одржување на првата меѓувладина конференција и формален старт на пристапните преговори. Во прилог одат и заедничкото патување и посета на Рим и Ватикан на претседателите на двете земји Стево Пендаровски и […]

Ден за високи гости – државниот врв и странски дипломати на „Криволак” на вежбата „Одлучен удар 21“


На армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе се одржат активности на Денот за високи гости на вежбата „Одлучен удар 21“ во рамки на кој ќе се презентираат офанзивни операции и активности на пешадиските и специјалните единици од армиите на Северна Македонија, САД, Грција и Бугарија, со поддршка од хеликоптери од воздухопловниот ВИНГ и воздухоплови Ф16 од вооружените […]

Значајно намален бројот на заразени од Ковид-19, од утре без маски на отворено?


Според последните податоци во моментов се активни 1.197 случаи на заболени од Ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега во земјава од Ковид-19 се заразија 155.269 лица,  оздравеа 148.664, а починаа 5..408, што укажува на драстичен пад на бројките, како и добра основа за најавеното олабавување на мерките за заштита од Ковид-19, од страна на надлежните. […]

Величествената опера „Аида“ од Верди на отворено под ѕвездите


Во изведба на солисти, хорот и оркестарот на Националната опера и балет вечер на плоштадот „Мајка Тереза“ на платото пред Националната опера и балет, ќе биде изведена операта „АИДА“ од Џузепе Верди, на отворено под ѕвездите, под диригенттство на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев. Како што соопшруваат од МОБ, ремек делото „Аида“ е […]

Променливо облачно и свежо со повремен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од шест до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени. УВ индексот ќе изнесува 6. […]

Од нигериско исламско училиште грабнати над 150 ученици


Повеќе од 150 ученици се киднапирани во исламското училиште „Салиху Танко“ во Рафах, во Нигерија, а во нападот што го извела банда на мотоцикли е убиено едно лице, додека уште едно се наоѓа во критична состојба, јавија британските медиуми. Локалната полиција потврди дека има таков инцидент, но не го прецизираше бројот на киднапирани деца. Киднапирањето, […]

Почеток на нова ера – Томислав Томашевиќ стана градоначалник на Загреб


Она што изгледаше речиси извесно се потврди на денешниот втор круг на изборите за Загреб: Томислав Томашевиќ од групацијата „Можеме“ стана нов градоначалник на Загреб. Дваесет години градот го раководеше Милан Бандиќ, кој почина пред неколку месеци. Според резултатите на изборната комисија, по пребројаните 100 отсто од гласовите Томашевиќ освоил 65,25 отсто, додека неговиот конкурент, […]

Егон Бернал триумфираше на Џиро д’Италија


Колумбиецот Еган Бернал беше крунисан денес како победник на Џиро д’Италија, откако избегна инцидент на последниот хронометар што се возеше во Милано. Иако заостана 30 секунди зад најблискиот предизвикувач, Италијанецот Дамијано Карузо, победата на Бернал (Инеос Гренадирс) никогаш не беше под сомнеж и тој имаше време да ги крене рацете во прослава додека ја минуваше. […]

Доаѓа крајот за Нетанјаху, опозицијата договори влада


Клучниот играч по изборите, крајниот десничар Нафтали Бенет, во неделата вечерта соопшти дека се договорил со центристот Јаир Лапид за формирање коалициска влада. Во неа ќе бидат и десницата и левицата   Крајно десничарскиот израелски политичар Нафтали Бенет и опозицискиот лидер Јаир Лапид се согласија да создадат коалициска влада со што Бенјамин Нетанјаху ќе биде […]

Поранешен војник во Франција пука на полиција, го ловат со хеликоптери


  На југот на Франција во регионот Дордоњ во тек е голема полициска операција за потрега во која се вклучени повеќе од 200 полицајци, како и екипи со полициски кучиња и хеликоптери, откако еден маж пукал на полициски офицери. Неименуваниот маж има околу 30 години и од порано е познат на полицијата поради насислтво во […]

Снег во Босна


Иако летото почнува наскоро, на планината Бјелачница во Босна и Херцеговина денеска падна снег, атемпературата беше во минус.   Снег падна на анморска височина од 1.500 метри. Во поголемиеот дел од БиХ е студено и облачно, а во централните и источните делови на Босна и на истокот на Херцеговина некаде паѓа дожд.  

Кои се најбогатите миленијалци милијардери (инфографика)


Во светот има 2.755 милијардери чие богатство се проценува на околу 13.000 милијарди долари. Од вкупниот број, нешто повеќе од 100 се миленијјалци, родени помеѓу 1981 и 1996 година. Оваа генерација претставува околу 3,8 отсто од сите милијардери со вкупна нето вредност од 573,1 милијарди долари. Оваа инфографика на VisualCapitalist, користејќи податоци од Форбс, ги […]

Бајден со најава дека врз Путин ќе изврши притисок за почитување на човековите права во Русија


Претседателот на САД, Џо Бајден изјави денеска дека „ќе изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ги почитува човековите права“ за време на претстојниот состанок во Женева. – За две недели, ќе се сретнам со претседателот Путин во Женева и ќе му дадам до знаење дека нема, нема да му дозволиме да ги крши […]

Александар Николоски тврди дека имал „крт“ во СДСМ


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, тврди дека информациите за, како што тврдат, криминалот и рекетот во РЕК „Битола“ ги добиле од член на највисокото раководство на владејачкиот СДСМ. Тој и порача на власта да престане да ги гони лицата за кои мисли дека ги дале информациите, алудирајќи на неодамнешните претреси во домови во домовите и […]

Тетовец и охриѓанец најдени мртви во своите станови


  Двајца мртви мажи пронајдени се во саботата секој во своето живеалиште, брз траги на насилство, соопшти МВР. Имено, околу 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во станот во кој живеел на ул.„Лихнида“ бил пронајден починат А.Д.(55). Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен […]

Си фрлале шишиња во неготинска кафеана, повредени двајца


Во саботата, во 23.45 часот во Полициската станица Неготино, М.Т.(18) од Неготино пријавил дека околу 22.50 часот, додека со Т.К. од село Тимјаник биле во угостителски објект во Неготино, едно лице, кое било на друга маса, фрлило шише и им нанел повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Озогласен мексикански нарко картел се здобил со адреси на полицајци и ги убива по домовите


 Членовите на озлогласениот мексикански нарко картел Халиско киднапираа неколку членови на елитна полициска единица и со измачување се здобиле со адреси на други полицајци кои сега ги убиваат во нивните домови. Екстремно насилниот картел на тој начин реагираше на политиката на мексиканската влада „прегратки, а не куршуми“. Нападите врз полицајците се убедливо најдиректен предизвик за […]

Голем пад на бројките од корона заразени во Германија


Во неделата во сите 16 сојузни покраини седмодневната инциденца на заразата од корона вирус падна под 50, што отвора простор за отворање и попуштање на мерките. Сојузната покраина Тириншка е последната сојузна покраина во која инциденцата падна под вредноста од 100, соопшти државниот епидемиолошки институт „Роберт Кох“ во неделата. Во Тириншка изнесува 47, додека на […]

Спасовски и Заев во Лазарополе на завршната вежба на кандидатите за прием во Специјалните единици на МВР


Во кампот за обука на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во Лазарополе, денеска првиот човек на МВР Оливер Спасовски, директорот на БЈБ Сашо Тасевски, заменик-директорот на БЈБ Ариф Асани заедно со началникот на Одделот за специјални полициски операции, Бранко Трајановски и командантите на специјалните единици беа домаќини […]

Ракијата на Тиквеш наградена на бугарски фестивал за алкохолни пијалоци од Балканот


Ракијата „Тиквеш“ на македонската реномирана винарија доби специјална диплома „Најдобра увезена ракија“ за време на Ракија фест Софија, јави дописникот на МИА од Софија. Тиквеш ја освои наградата во конкуренција со 23 други производители на ракија од водечките балкански земји во оваа област. -Вкупно 10% од производството на ракија „Тиквеш“ се извезува во Бугарија, што […]