Средното училиште „Перо Наков“ Куманово доби 30 паметни табли


Средното стручно училиште „Перо Наков“ од Куманово, доби 30 Смарт табли и други нагледни средства за следење на наставата, соопштија денеска, надлежните од ова училиште. Таблите веќе се распределени по кабинетите и училниците.   -Со набавката на 30 Смарт табли и нагледни средства по предметите-хемија, физика, географија, историја, математика и музичко образование во СОУ „Перо Наков“ во […]

На 14 јуни започнуваат уписите во средните училишта


Уписите во средно образование ќе се реализираат преку три пријавувања во текот на следниот месец, почнувајќи од 14 јуни. Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, поточно на 23 август, за што доставуваат доказна […]

Со цело срце за Вас: „Скопско“ им подари на фудбалерите специјално дизајнирани лименки


За сите голови што нѐ донесоа до историскиот успех, за Пандев, за Алиоски, за Адеми, за целата македонска фудбалска репрезентација, во име на целата земја, „Скопско“ на секој од репрезентативците поединечно им подари специјално дизајнирани лименки, посветувајќи им ја здравицата „Со цело срце за вас“. Како горд подржувач на македонската фудбалска репрезентација и нераскинлив дел […]

За ВМРО-ДПМНЕ Луксембург е оф-шор држава


Државата која даде двајца претседатели на Европската комисија и е седиште на многу институции на ЕУ, според ВМРО-ДПМНЕ е „земја позната по оф-шор фирми со сомнително сопствеништво кое е скриено за јавноста“   Лукесембург, една од земјите основачи на Европската унија и исклучително влијателен член на блокот, од ВМРО-ДПМНЕ денеска е оценет како оф-шор држава, […]

Со негативен резултат од брз тест и двојна маска се отвораат фитнес центрите во Грција


По речиси седум месеци пауза поради карантинот и рестрикциите, од денеска почнуваат со работа фитнес центрите во Грција, но под специјални правила и протоколи, меѓу кои и задолжително тестирање и задолжителна употреба на двојна маска, јави дописничката на МИА од Атина. За вежбање во фитнес центрите, задолжително е еднаш седмично посетителите да покажат негативен резултат […]

Вицепремиерот Груби ја прими втората доза од вакцината против Ковид-19


Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска ја прими втората доза од вакцината против Ковид-19. Како што соопшти Кабинетот на Груби, по вакцинирањето во просториите на поликлиниката Чаир, која служи и како ковид-центар, Груби уште еднаш апелираше до сите граѓани да се пријават за вакцинација на веб-страницата на […]

Почина аниматорот Марсел Јанкович, еден од авторите на култната цртана серија „Густав“


Славниот унгарски аниматор, сценарист и режисер Марсел Јанкович, еден од авторите на култната цртана серија „Густав“, почина во саботата на 79-годишна возраст. Унгарската академија на уметностите, чиј почесен претседател беше Јанкович, ја објави веста за неговата смрт нарекувајќи го „визуелен уметник и јавна личност, експерт за бајки со исклучително разновидно широко дело“. „Неговиот опус останува […]

Хоророт „Тивко место 2“ заработи 48 милиони долари


Хорор-хитот „Тивко место 2“ (A Quiet Place Part II), во првиот викенд по премиерата заработи 48 милиони долари само во Северна Америка. Ова претставува рекорд во ерата на корона-пандемијата. – Ова е извонредно отворање. Многу над просекот за продолжение на еден хорор. „Тивко место 2“ можеше да дебитира и со 60 милиони американски долари заработка, ако сите […]

Мастерклас на големиот хрватски илустратор Свјетлан Јунаковиќ на фестивалот „Литера“


Големиот хрватски илустратор Свјетлан Јунаковиќ ќе учествува на 3.Фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2021“. Легендата на некогашната југословенска илустраторска школа ќе го сподели своето искуство преку мастерклас на 7 јуни (18 часот) на зум-платформата. Јунаковиќ е одушевен што ќе може да се запознае со македонските илустратори, студенти, вљубеници во илустрацијата и со […]

Kратки филмови и студентските на Тарковски на Филозофскиот филмски фестивал


На 11. Филозофски филмски фестивал (ФФФ) вечер во Кинотеката од 18 часот репризно ќе бидат прикажани студентските краткометражни филмови на рускиот режисер Андреј Тарковски – неговиот прв  филм од филмската академија во Москва, „Убијци“ (1956), адаптација на истоимената новела од Хемингвеј,  „Нема да има опуштање денес“ (1959), втор филм на Тарковски од неговите студентски денови, […]

Детскиот дом „11 Октомври“ доби донација од Амбасадата на Хрватска во земјава


Донација во форма на лаптопи, принтери, технички помагала, како и прехранбени производи денеска доби Домот за деца без родители „11 Октомври“ од Амбасадата на Република Хрватска во Северна Македонија. Повод за донацијата, како што информира хрватската амбасадорка во земјава Нивес Тигањ, е Денот на државноста на Република Хрватска, 30 мај. – Бидејќи не можеме да […]

Две возила излетале од патот, повредени тројца


  Во две одделни сообраќајни незгди во Струмичко и Делчевско настрадаа тројца патници, откако со возилата излетале од патот. Имено, во неделата, во 22.28 часoт на регионалниот пат Берово –Делчево, во с.Тработивиште, патничко моторно возило „опел корса“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(19) од с.Разловци, делчевско, излетало од патот. Во незгодата со тешки телeсни […]

Зидан по напуштањето на Реал: Разбирам дека ако не победиш, треба да си заминеш


Францускиот фудбалски стручњак, Зинедин Зидан проговори за одлуката да ја напушти тренерската функција во Реал Мадрид. – Ги разбирам барањата на Реал. Ако не победиш, мора да си заминеш. Не сум уморен од тренинг. Само би сакал мојот однос со клубот и со претседателот да беше малку поразличен во последните месеци. Да поминам дваесет години […]

Нова верзија на мобилната апликација на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“


 Green Pay паркичникот е новитетот на најновата верзија на ПОЦ мобилната апликација на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ која од денеска е во употреба со новите функционалности и значителни подобрувања на дизајнот и прегледноста. -Green Pay паркичникот ќе им овозможи на корисниците на Green Pay платежната картичка да вршат трансфер на […]

Пациентите почнаа да ги почитуваат термините за вакцинација во штипскиот пункт


Пред вакциналниот пункт во Штип денеска е мирно, без турканици, за разлика од саботата кога пациентите не ги почитуваа термините и доаѓаа неколку часа порано, за да ја примат втората доза на кинеската „Синофрам“. Претпладнево редарите и претставниците на полицијата и на АРМ не воспоставуваа ред. Лекарот на вакциналниот пункт во салата „Јордан Мијалков“ –Штип, Иле […]

Пет лица повредени во експлозија на плинска боца во центарот на Белград


Во продавница во центарот на Белград утринава, непосредно пред 9 часот, дојде до експлозија, а потоа и до пожар, јави дописникот на МИА од Белград. Од српското Министерство за внатрешни работи за РТС потврдија дека пет лица се повредени од експлозија на плинска боца, од кои, според медиумите едно лице се здобило со поешки повреди. […]

Клемент Бон: Многу е сериозно доколку се докаже дека САД ја шпионирале Меркел


Француската Влада денеска соопшти дека постои „крајно сериозен проблем“ доколку се докажат медиумските информации дека САД, со помош на данското разузнавње, шпионирале врвни политичари во Европа. -Ова е исклучително сериозно, треба да видиме дали нашите партнери во ЕУ, Данците, направија грешки или нарушувања во соработката со американските власти, изјави францускиот министер за европски прашања Клемент […]

Промоција на зборникот „Конески на 11 јазици“


Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на 3 јуни виртуелно ќе го промовира зборникот „Конески на 11 јазици“ од Првата зимска школа на МСМЈЛК, којашто се одржа на почетокот на годинава и беше прва активност во рамките на програмата за одбележување на големиот јубилеј […]

Во Србија утре почнува пријавувањето на вакцинираните граѓани за државна помош од 25 евра


Граѓаните на Србија постари од 16 години кои заклучно со денешниот ден примиле барем една доза вакцина против коронавирус, од утре ќе можат да се пријават за државна помош во износ од 3.000 динари (25,5 евра), јави дописникот на МИА од Белград. Како што претходно соопшти министерот за финансии, Синиша Мали, пријавувањето за помош наменета […]

Главниот координативен кризен штаб предлага полицискиот час да трае до 15 јуни


Главниот координативен кризен штаб на Владата ги разгледа и потврди препораките на Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките за заштита од КОВИД-19 и ги предлага на конечно усвојување на утрешната владина седница. На состанокот на Главниот кризен штаб, по исцрпната дискусија и имајќи ја предвид  поволната моментална  епидемиолошка состојба со КОВИД-19 во државата, […]