Нордвинд отвора редовна аволинија Скопје-Москва


Руската авиокомпанија Нордвинд ерлајнс  од 21 месецов ќе почне со летови од московскиот Меѓународен Аеродром Шереметјево до Меѓународниот Аеродром Скопје, воспоставувајќи нова редовна директна авиолинија помеѓу Скопје и Москва, најави денеска ТАВ Македонија. Во рамки на летниот распоред на летање, потенцираат, Нордвинд одлучи да го прошири опсегот на директни редовни летови, со додавање на нова […]

Заев: Приказни се информациите дека Црвенковски ќе формира партија


Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, ги нарече приказни информациите дека поранешниот претседател и премиер Бранко Црвенковски ќе формира своја политичка партија непосредно пред внатрешните избори во владеечката партија. Сепак Заев ги упати новинарите за тоа да го прашаат Црвенковски, иако не верува дека тој  може да биде нешто друго освен СДСМ. -Претседателот Црвенковски […]

Заев: Македонскиот јазик со својата посебност е признат во целиот свет


Оваа Влада искрено и силно е посветена во негувањето и унапредувањето на македонскиот јазик, бидејќи нашиот јазик е нашиот национален и културен идентитет, напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев, по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, кој Владата пред две години го прогласи за празник во чест на 5 мај 1945 година кога […]

СЗО: Две недели по ред рекорден број на смртни случаи од Ковид-19


Светската здравствена организација соопшти дека смртноста меѓу пациентите со Ковид-19 е рекордна на глобалнно ниво втора недела по ред. Во текот на изминатата недела, сппоред СЗО, повеќе од 93.000 заразени луѓе со Ковид-19 починале во светот и потврдени се 5,7 милиони нови инфекции. Во минатонеделниот извештај на СЗО наведено е дека во периодот од 26 […]

Вучиќ: Парична награда за сите српски граѓани кои се вакцинирани


Претседателот на Србија Александар Вучиќ, во своето гостување на ТВ Пинк, посочи дека денес и се обраќа на јавноста со цел да објави неколку многу важни одлуки за граѓаните. – Вакцинацијата е услов за секого. Јас се консултирав со премиерката доцна синоќа. Бидејќи не можеме да донесеме негативни дискриминаторски мерки против оние кои нема да […]

Почнува имунизацијата со Џонсон и Џонсон во Грција


Во процесот на имунизација во Грција од денеска вклучена и вакцината на Џонсон и Џонсон, која е наменета за сите категории граѓани, јави дописничката на МИА од Атина. Според најавите од изминатите денови од генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус, паралелно, од денеска почнува третата фаза на имунизација во земјата, со […]

Приход од 44 милијарди евра и без даноци: Амазон повторно на удар на критичарите


Даночните маневри на големите корпорации повторно се во фокусот откако Амазон објави рекордни 44 милијарди евра приходи во Европа во 2020 година, но не платил ниту цент во Луксембург, каде се наоѓа неговото европско седиште. Во објавата на Amazon EU Sarl. посочува дека компанијата имала загуби од 1,2 милијарди евра на Стариот континент. Освен тоа, […]

Покетино: Понекогаш треба да имате среќа 


Тренерот на ПСЖ Маурисио Покетино оцени дека неговите фудбалери одиграле синоќа добар натпревар во реваншот во Манчестер и покрај поразот од 2:0 со што францускиот првак остана без пласман во финалето во Лигата на шампиони (ЛШ). – Игравме како што се договоривме. Почнавме добро, доминиравме, создававме шанси, а малку екипи можат да доминираат против Манчестер сити. Понекогаш треба да […]

Творецот на Етереум, 27-годишниот Виталик Бутерин, сега е милијардер


Виталик Бутерин, 27-годишен руско-канадски програмер, го создаде етереум во 2013 година кога имал 19 години. Крипто валутата беше промовирана во 2015 година, а сега Бутерин држи околу 333.500 етери во својот јавен паричник. Помножете го тоа со рекордно високатавредност на етер од 3.500 американски долари во вторникот, и ќе добиете повеќе од 1,1 милијарди долари. […]

Во градинката во Бразил тинејџерот уби петмина


  Петиман се убиени во вчерашниот напад во градика во градот Саудадеш во Бразил, откако 18-годишник со мачета нападна деца и вопситувачи, соопшти полицијата Меѓу жртвите се три мали деца од две години и двајца воспишувачи. Откако ги убил, напаѓачот се обидел да се убие со истото оружје, но во критична состојба е пренесен во […]

Холандија: Прерано е за попуштање на мерките


Владата на Холандија соопшти денеска дека е прерано за дополнително ублажување на антиепидемиските мерки, затоа што и понатаму е висок бројот на нови кови пациенти во болниците и бројот на заболени во единиците за интензивна нега. Владата најави дека во рок од една недела ќе донесе одлука дали да се одобри втората фаза за ублажување […]

Тридневна жалост во Мексико по падот на надвозникот


Во Мексико прогласена е тридневна жалост откако 24 загинаа кога дел од надвозникот на метрото се урна врз сообраќајница. Во несреќата што се случи во вторникот на линијата 13 од метрото, повредени се 79 лица, пренесоа агенциите. Мексиканските власти ветија потполна истрага, затоа што се поставува прашање за сигурноста на изградбата. Претседателот Андрес Мануел Лопез […]

Најавено продолжение на три собраниски седници


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да се одржат продолженија на три собраниски седници – 30-та, 34-та и 39-та. За дел од точките на дневниот ред на седниците е завршена расправата така што се очекува денеска пратениците да гласаат за околу четириресетина закони. На дневен ред на 30-та седница се предлог на закон […]

Нетанјаху не успеа да формира влада ни по четвртите избори во две години


  Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не успеа да формира влада и по четвртите парламентарни избори во последните две години. Рокот за формирање влада истече во четвртокот, пренесе агенцијата ДПА. Новиот неуспех на Нетанјаху им дава прилика на неговите политички противници да го довршат владеењето на 71-годишникот, најдолговечен израелски челник во историјата. Израел е во длабока […]

Дерек Шовин, осуден за убиството на Џорџ Флојд, побара ново судење


Поранешниот полицаец во Минеаполис, Дерек Шовин, осуден за убиството на Џорџ Флојд, што предизвика масовни протести против расизмот, побара ново судење во вторникот. Адвокатот на Шовин, Ерик Нелсон тврди дека судењето не било фер и дека имало голем број судски грешки и дека пресудата е спротивна на законот. На 20 април, по тринеделно судење, Шовин […]

Словенците во банките чуваат 23 милијарди евра, за време на пандемијата заштедите поголеми за 2 милијарди евра


Средствата на словенечките домаќинства на депозитни сметки во банките се зголемија за над две милијарди евра на рекордни 23 милијарди евра во пандемиската 2020 година во споредба со претходната година, објави Банката на Словенија. Овој раст се припишува на мерките на пазарот на трудот преземени за време на пандемијата, кои овозможија зголемување на платите, но […]

Бајден: Вакцинација на 70 отсто од возрасната популација во САД до 4 јули


Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека негов нов приоритет е 70 проценти од возрасната популација во САД да примат барем една доза од вакцината против коронавирус до 4 јули, кога САД го слават Денот на независноста. Во исто време, Бајден ги повика младите на возраст од 20-30 години да се вакцинираат. – Ќе гарантираме дека […]

Изјавата на Џенет Јелен го собори Вол Стрит, Насдак потона два проценти


Американскиот пазар на капитал вчера беше обележан со негативен сентимент за што првенствено може да се посочи кон Џенет Јелен. Американската министерка за финансии Џенет Јелен призна дека можеби ќе биде потребно извесно зголемување на каматните стапки на централната банка за да се контролира експлозивниот раст на американската економија, што делумно е предизвикано од трошењето […]

Негативните камати ги носат Германците да инвестираат на берзите


Седумдесет годишниот Михаел Шахт е типичен германски штедач. Тој е човек кој не сака да презема големи ризици, сопственик на продавница за облека кој во банка има 300 илјади долари во мал град близу Хамбург. Претходно оваа година, банката му соопшти дека веќе ќе треба да плаќа 0,5 отсто негативна камата за депозитот, наместо да […]

Промоција на електронското издание на Толковниот речник на македонскиот јазик


Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска организира чествување по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик и 100 години од раѓањето на Блаже Конески. Ќе биде промовирано електронското издание на Толковниот речник на македонскиот јазик, дело на 21 автор. Електронското издание на Толковниот речник ќе може […]