Нови 364 случаи на Ковид-19 од 2.379 тестирања, 24 лица починати, оздравени 689


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.379 тестирања, а регистрирани се 364 нови случаи на Ковид-19. Пријавени се 24 починати, од кои најмладиот 40-годишник од Скопје. Регистрирани се 689 оздравени пациенти. Од новозаразените, во Скопје се 161, Куманово – 36, Битола и Прилеп – по 25, Охрид – […]

Една победа ја дели Шкендија од шампионскиот трофеј


Фудбалерите на Шкендија се наоѓаат пред освојување на шампионскиот трофеј во Првата македонска лига, откако попладнево ја совладаа Беласица на гостински терен и ја задржаа предноста од 13 бода во однос на Шкупи. На тетовци им е потребна само една победа во преостанатите пет кола за да ја обезбедат титулата. Бодовите на гостински терен попладнево […]

Повторно повеќе од 2.000 заразени во Србија, починаа 37 пациенти


  Според последните информации во Србија забележани се 2.069 новозаразени со корона вирус, а починаа уште 37 пациенти од последиците на Ковид-19. Во последните 24 часа тестирани се 10.262 примероци, а 3.683.511 од почетокот на епидемијата. На болничко лекување се наоѓаат 6.879 пациенти, а 218 на респиратор. Од почетокот на епидемијата во Србија регистрирани се […]

НАТО поддржува истрага за руските активности во Чешка


 НАТО изразува поддршка за својата членка Чешка, која отвори истрага за „злонамерните активности“ на Русија кои се дел од образецот на „опасно однесување“ на официјална Москва, соопшти денеска Алијансата. Владата на Чешка протера 18 руски дипломати под сомнение дека руската разузнавачка служба стои зад поставувањето експлозија во складиште за муниција во 2014 година во Врбетице. […]

Кривични пријави за три лица и правниот субјект што исфрлија шут и земја во Охридското Езеро


Три лица и правен субјект заработија кривични пријави поради сомневање дека се сторители на казнено дело „узурпација на недвижности“ во заштитената зона на брегот на Охридското Езеро. Станува збор за Н.З.(59) од Охрид, Н.И.(51) од Струга и Р.Б. (47) од Охрид, како и против компанијата „Нефи ИК“ со седиште во Охрид. Според полицискиот записник, првопријавениот, […]

Маричиќ: Во сите цивилизирани парламенти во Европа и регионот веќе се работи на онлајн седници во различни форми


 Министерот за правда, Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил го поздрави, како што вели тој херојскиот чин на пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска која е позитивна на коронавирусот, а во Собранието се појави во целосна заштитна Ковид-19 опрема, со цел да присуствува на седницата на која е предвидено да се усвојат законите за петтиот пакет финансиски […]

Лукашенко потврди дека е спречен обид за државен удар, наводно планиран од САД


Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека го спречил обидот за државен удар и обидот за атентат врз него и неговото семејство, кои ги планирале САД и соопшти дека две лица се уапсени со помош на Москва. Белоруската безбедносна служба (КГБ) синоќа соопшти дека во „специјална операција“ растурила „организирана терористичка група која планирала физичка елиминација на […]

(Фото) Донесени законите од петтиот пакет економски мерки, на помош и пратеници позитивни на КОВИД-19


Пратениците во Собранието на Северна Македонија едногласно ги изгласаа законите од петтиот пакет економски мерки за помош на граѓаните и компаниите погодени од пандемијата со КОВИД-19. За таа цел мораа да присуствуваат и двајца пратеници од владејачкото мнозинство кои се позитивни на корона вирусот и кои во Собранието пристигнаа во скафандери и беа сместени во […]

Стефоска: Објектот Ислахане во Битола го ставаме во привремена заштита


Завод и Музеј-Битола објектот Ислахане, некогашното занаетчиско училиште во тој град станува дел од списокот на објекти под привремена заштита, изјави министерката за култура Ирена Стефоска. Одбележувајќи го Светскиот ден на споменици и локалитети кои годинава се фокусирани на темата „Комплексно минато – разновидна иднина“, Стефоска посочи дека режимот на заштита на битолското Ислахане ќе […]

(Видео) Пукање во ресторан во САД, убиени се тројца


Три лица се убиени, а двајца ранети откако во еден ресторан во САД дошло до пукање. Пукањето се случило во ресторан во сојузната држава Висконсин, поточно во Кеноши. **Kenosha County**Here is some photos of the scene at Somers House pic.twitter.com/zSEl2QLqgF — Racine/Kenosha News/Scanner (@RacKenoNews) April 18, 2021 Мотивот за пукањето сè уште не е познат, […]

Мицевски: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се во Собранието и ќе обезбедат кворум за петтиот пакет мерки


Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска се во Собранието и ќе обезбедат кворум за 36. седница за гласање на петтиот пакет мерки за помош на стопанството и граѓаните, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на прес-конференцијата, што се одржа во пресрет на 36-тата седница, што претседателот на Собранието, Талат Џафери ја закажа за […]

Усвоена одлуката на Советот на општина Центар за прифаќање донација од семејството на писателот Горан Стефановски


Советниците на последната 63. седница на Советот на Општина Центар ја усвоија Одлуката за прифаќање донација од семејството на писателот Горан Стефановски и на Здружението за промоција и зачувување на културното наследство на Горан Стефановски. Во знак на сеќавање на доајенот на македонската современа книжевност, семејството Стефановски ќе ја подари скулптурата на Општина Центар, со […]

Пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска во скафандер со целосна заштитна опрема од Ковид-19 пристигнува во Собранието


Пратеничката во Собранието на Република Северна Македонија од СДСМ и коалицијата Можеме Бисера Костадиновска-Стојчевска која е позитивна на Ковид-19, пред малку на совојот Фејсбук профил објави дека во скафандер заштитена ќе оди во Собранието да учествува на денешната седница. -Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна КОВИД-19 опрема, за да учествувам на денешната седница на која […]

Албанија доби 40.800 дози вакцина од Астра Зенека, вечерва ќе пристигнат уште 50 илјади


Преку Ковакс механизмот во Албанија синоќа пристигнаа 40.800 дози вакцина од „Астра Зенека“, јави дописничката на МИА од Тирана. – Албанската Влада успеа да плати 1.140.000 дози вакцини преку Ковакс и синоќа пристигнаа уште 40.800 дози на „Астра Зенека“, кои веднаш ќе бидат дистрибуирани низ цела Албанија, за да се продолжи со масовната вакцинација на […]

„Корона-забави“ во неколку атински населби и покрај карантинот


Плоштадите и парковите во неколку атински населби синоќа беа полни со друштва млади лица, кои неорганизирано и спонтано се собраа и покрај карантинот, рестрикциите и полицискиот час, а мнозинството беа без маски и не одржуваа дистанца, јави дописничката на МИА од Атина. Со „take away“ пијалоци од кафулињата уште во попладневните часови, младите излегоа како […]

Германија оддава почит на речиси 80.000 починати во пандемијата


 Германија денеска им оддава почит на речиси 80.000 луѓе кои починаа од коронавирус, додека земјата се бори да го надмине новиот наплив на инфекции. Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ќе ја предводи комеморацијата со други високи функционери во Концертхаус во Берлин. Од кабинетот на германскиот претседател соопштија дека церемонијата е посветена на „семејствата кои не можеа […]

СДСМ предлага измени за остварување на студентскиот оброк


Социјалдемократската младина на Македонија поднесe иницијатива за измена на Законот за субвенциониран студентски оброк до Собранието на Република Северна Македонија. Со пандемијата предизвикана од КОВИД-19 и рестриктивните мерки кои се во сила, студентите не се во можност да посетуваат угостителски објекти каде би го оствариле правото на здрав субвенциониран оброк. Исто така најголем број од студентите […]

Рама: Бугарија ја блокира Северна Македонија за свои интереси


Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Бугарија го блокирала процесот на евроинтеграција на Северна Македонија за свои интереси. Ваква оценка тој изнел гостувајќи во телевизиска емисија кога зборувал за очекувањата на меѓувладината конференција. – Погледнете што се случува сега, во моментот кога нештата се готови, туп излегува Бугарија и ја блокира Македонија таму. Зошто Бугарија […]

(Фото) Во Израел повеќе не мора да се носат маски


  Израелците повеќе не мора да носат заштитни маски на отворено, што е уште еден знак дека врвот на епидемијата, по интензивната кампања за вакцинирање во земјата, помина. На улица, денеска утрово, минувачите беа без маски. Во затворени простории каде се доаѓа во контакт со лица надвор од домаќинството, потребно е да се носат маски, […]

Силен земјотрес од 5,9 степени во јужен Иран, на 100 км од нуклеарката


  Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер во неделата ја погоди јужната иранска покраина Бушер, каде се наоѓа нуклеарната електрана, при што две лица се повредени, а засега нема податоци за штети, јави државната телевизија. Владин функционер рече дека нема извештаи за штета на нуклеарната централа, а земјотресот бил на 100 км од […]