Заев: Ако некој заслужил преговори со ЕУ, тоа е Македонија


Ако некој заслужил да добие поддршка на следниот чекор на патот кон ЕУ, тоа е Северна Македонија и важно е што Словенија, заедно со земјите од Вишеград потврдуваат дека сѐ уште има европско во Европската Унија и тоа е нашата водилка и мотивација и за реформите за да си ја европеизираме државата, истакнува претседателот на […]

(Видео) Огромни поплави во Австралија, водата однесе куќи


  Австралискиот источен брег е погоден од силни дождови, што предизвикаа поплави кои ги присилија жителите на евакуација во неколку региони, додека надојдената вода однесе куќи, оштети патишта, отсече градови и ја прекина струјата. Во Сиднеј, најголемиот град во земјата, властите ги молеа луѓето да останат дома заради излевање на големи брани и помало торнадо […]

Ердоган го смени гувернерот на централната банка по само пет месеци


Гувернерот на турската централна банка Наци Агбал е отпуштен по помалку од пет месеци на функцијата. Не е дадена официјална причина за одлуката за одлуката, донесена со претседателски указ објавен во раните утрински часови во саботата. Отпуштањето се случи откако централната банка ги зголеми каматните стапки за 200 основни поени на 19 проценти во четвртокот, […]

Србија: Охрабрување за српските жени фармери во време на ковид


Пандемијата предизвикана од Ковид-19 влијаеше на многу полиња во животот, за кои луѓето не се целосно свесни. Граѓанските организации мораа брзо да се приспособат на новата состојба. Во секторот земјоделски производи во Србија, пандемијата од Ковид-19 покрена голем број проблеми на кои требаше веднаш да им се обрне внимание: намалени цени на млечните производи за […]

Во Хрватска нови 1.186 заразени, починаа 10 пациенти


  Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 1.186 нови случаи на зараза со корона вирусот, а бројот активни изнесува 6.917. Од нив 931 се лекуваат во болница, а 89 се на респиратор. Починаа 10 лица. Од почетокот на пандемијата досега забележани се 256.805 случаи на зараза, а починаа вкупно 5.753. Досега оздравеа 244.135 […]

Вработени во Белата куќа се отпуштени поради марихуана


Белата куќа најави отпуштање на пет вработени поради употреба на марихуана, иако пред неколку недели беше најавена поблага политика кон употреба на лесни дроги. Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки објави твит со кој се потврдија пет отпуштања откако беше објавено дека десетици вработени или биле суспендирани или биле замолени да си дадат оставка или […]

Побарувачка за недвижности во руралните средини, не се очекува намалување на цените


Во иднина може да се очекува да продолжи трендот на зголемување на побарувачката за недвижности во руралните средини и викенд места, додека во градските средини да се одржи нивото на побарувачка како и досега. Луѓето за време на кризата, според носителите во оваа дејност, инвестираат во недвижности и продажбата на станови се одвива непречено благодарение […]

Земјотрес од 7,2 степени по Рихтер го погоди североистокот на Јапонија


 Силен земјотрес со интензитет од 7,2 степени по Рихтеровата скала го погоди североистокот на Јапонија. Издадено е предупредување за цунами. Земјотресот со јачина од 7,2 степени се случил на 57 километри од Сендаи-ши нешто по 9 часот по средноевропско време или 18.10 по локално време. Еден човек на страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар напиша: […]

Бразил на раб на катастрофа, претседателот не признава


  Бразил е на раб на катастрофа, откако одделенијата за интензивна нега за ковид пациенти се преполни, а претседателот Жаир Болсонаро одбива да воведе затворање. Здравствените работници ја опишуваат состојбата како застражувачка, здравтсениот систем е во најтешката криза во својата историја, а пациентите умираат додека чекаат кревет на интензивна нега, пишува „Гардијан“. Минатата недела Бразил […]

Во Србија пријавени се вкупно 626 случаи на несакани реакции по вакцинацијата против Ковид-19


Во Србија пријавени се вкупно 626 случаи на несакани реакции по вакцинацијата против коронавирус и нема пријавено случаи на емболични или тромболитички нарушувања по приемот на вакцината на АстраЗенека. – Во моментов, имаме 82 пријавени случаи на несакани ефекти на вакцината АстраЗенека, но сите тие беа обично благо очекувани, а тоа беше главно случај за […]

Карпош со низа еко-активности во пресрет на пролетта


Општина Карпош ја планира пролетната офанзива за зголемување на зеленилото во населбите и уште поинтензивно одржување на јавната хигиена. Во таа насока, локалната самоуправа е во напредна фаза со проектот за обезбедување на машини за рециклирање на пластика и механизација за кабаст отпад, во рамки на повикот „ЕУ за општините“. Станува збор за набавка на […]

Тринаесет лица не ја почитувале забраната за движење, 513 не носеле маска


Тринаесет лица не ја почитувале забраната за движење во периодот  22 часот синоќа до 05 часот утрово, информираат од Министерството за внатрешни работи.   Додаваат дека во текот на изминатото деноноќие пак на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 513 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира […]

Париз се затвора за еден месец поради Ковид-19


Едномесечното затворање стапи на сила во Париз и други француски региони денеска, бидејќи државата се обидува да го сузбие третиот бран на коронавирус-инфекции. Секој трети од 67 милиони луѓе во Франција е под влијание на построгите мерки. Но, ова затворање ќе биде поблаго од претходните затворања. Во 16-те административни региони, сите дуќани што не се […]

Црна Гора ја укинува програмата за економско државјанство


Црногорската влада нема да ја продолжи програмата врз основа на која може да се добие економско државјанство, која истекува на 31 декември 2021 година, за да не го попречува патот на Црна Гора кон Европската унија, пишува весникот Дан. – Поддршката за програмите за економско државјанство е спротивна на принципите на Европската унија, се наведува […]

Приведени синовите на Дилавер Бојку, едниот баран со потерница за одлежување затвор


Во полициска акција синоќа се приведени синовите на Дилавер Бојку Леку, Ербен и Бесник на регионалниот пат Струга – Дебар, пред селото Велешта. Двете лица носеле пиштоли во себе. – Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага во соработка со ОСОСК и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ вчера во 21 часот и 45 […]

ФИФА очекува над шест милијарди долари приход до Мундијалот во Катар


Швајцарија – Светската фудбалска федерација (ФИФА) остварува завидни финансиски резултати и покрај пандемијата на коронавирус, обелоденувајќи дека до почетокот на Мундијалот 2022 во Катар очекува во целост да го реализира планираниот четиригодишен приход од 6.44 милијарди долари. ФИФА во својот годишен финансиски извештај наведе дека вкупната потрошувачка во 2020 година изнесувала 1.04 милијарди долари. Во оваа сума се вклучени грантови […]

Пролетта носи промени во најголемите политички партии во земјата


Први внатрепартиски избори за претседател на СДСМ, со само еден кандидат – актуелниот лидер на партијата и премиер Зоран Заев, по што се најавени кадровски промени во врвот на партијата, барање за вонреден конгрес на незадоволни членови на ВМРО-ДПМНЕ, обединување и повик за нови членови, први чекори за реализација на договорот за надминувања на несогласувањата […]

Татјана Штерјова Душковска нов генерален секретар на Коморскиот инвестицски форум со седиште во Трст


На седницата на Управниот одбор на КИФ, асоцијација на шесте национални комори од регионот на Западен Балкан, одржана вчера во Подгорица, едногласно за нов генерален секретар е избрана претставничката на Стопанската комора на Северна Македонија, Татјана Штерјова Душковска Како што информираат од Стопанскта комора на Северна Македонија, Коморскиот инвестициски форум, со седиште во Трст и […]

Османи: Пристапувањето на Северна Македонија е лакмусов тест за кредибилитетот на ЕУ


Шпанија– Северна Македонија стана лакмусов тест за кредибилитетот на процесот на проширување на Европската унија, и затоа преговорите за нејзино пристапување во Унијата не смеат и понатаму да се одложуваат, истакнува министерот за надворешни работи, Бујар Османи во интервју за шпанската новинска агенција ЕФЕ и магазинот Еурактив, кое го пренесува МИА. – Одложувањето на почетокот […]

Голф-клубот на Трамп на Флорида затворен делумно поради појава на Ковид-19


САД – Мар-а-Лаго, клубот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Палм Бич, Флорида, е делумно затворен поради појава на Ковид-19, јавија американските медиуми. Информациите доаѓаат од повеќе извори, вклучително и член на клубот кој вчера бил телефонски известен за затворањето. Рецепционер во одморалиштето потврди, додавајќи дека затворањето е до следна наредба, без да даде […]