Судењето за „Меѓународен сојуз“ продолжува со сослушување на сведоци


Со сведочењето на лицата Јованка Кука и Лилјана Тодоровска, денеска е предвидено да продолжи судењето за случајот „Меѓународен сојуз“. Судењето за овој предмет е во почетна фаза на изведување на вербални докази. На последното рочиште беа сослушени сведоците Агапи Дика и Јордан Камчев. Судењето за овој предмет го води судијката Софче Ефремова, а застапник на […]

Европската унија ги заострува правилата за извоз на вакцини?


  Европската комисија денеска ќе ги прошири правилата на унијата, за да може да да го блокира извозот на вакцини против корона вирусот во Велика Британија и други подрачја со многу поголеми стапки на вакцинација. Со новата одлука може да биде спречено компаниите да ги прераспределат порано договорените испораки. Ова го најавија официјални лица од […]

Институт за демократија предлага концентрациона влада како решение за блокадата


Во текот на најголемата здравствена и економска криза со која земјата се соочила во трите децении од самостојноста, внатрешните политичките текови заземаат загрижувачки насоки и го туркаат општеството кон длабока општествена, политичка и меѓуетничка нестабилност. Институтот за демократија апелира до сите политички чинители и партиски лидери за одговорен и државнички однос кон сите предизвици на […]

Сликата „Патешествието на човештвото“ продадена за 62 милиони долари (видео)


„Патешествието на човештвото“ – најголемата слика на светот, дело на британскиот уметник Саша Џaфри, беше продадена за 62 милиони долари на аукција во Дубаи. Сликата е заведена во Гинисовата книга на рекорди како „Најголемото платно на уметноста“. Поделено е на 70 делови, по рамки, со површина од 17.176 метри квадратни – што е еднакво на […]

Почнува летното сметање на времето


Летното сметање на времето ќе почне в недела, со тоа што часовникот ќе се помести еден час напред. Владата на вчерашната седница донесе одлука да се утврди летното сметање кое оваа година започнува на 28 март во 2 часот. Часовникот треба да се помести еден час напред. Стрелките на часовникот треба да се поместат за […]

Почина глумецот Џорџ Сегал, добитник на Златен глобус и номиниран за Оскар


Добитникот на Златен глобус и еднаш номиниран за Оскар, американски глумец Џорџ Сегал почина на 87-годишна возраст. Тажната вест ја соопшти неговата сопруга Соња Сегал за холивудското списание „Дедлајн“. Сегал, кој беше номиниран за Оскар за „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ (1966), почина во Санта Роса, Калифорнија, САД, по компликации при поставување бајпас. Роден […]

Бразил со рекорден број мртви од Ковид-19 – 3251


  Бразил во вторникот имаше рекорден број 3.251 смртни случаи поврзани со Ковид-19, а жителите ширум земјата со лонци правеа бука додека на телевизија им се обраќаше претседателот Жаир Болсонаро, бранејќи го својот одговор на пандемијата. Новиот рекорден број мртви во 24 часа покажува до која мерка пандемијата во Бразил е надвор од контрола, што […]

Почина министерот за финансии на ОАЕ и втор човек на Дубаи, шеикот Хамдан


Министерот за финансии на Обединетите Арапски Емирати и втор човек на Дубаи, шеикот Хамдан почина на 75-годишна возраст, пренесоа светските медиуми. Хамдан беше министер за финансии на ОАЕ од 1971 година, а втор човек на Дубаи стана во 2006 година. Тој беше втор син на починатиот владетел на ОАЕ Рашид бин Саид Ал Мактум и […]

Ковид пасошите би можеле да го спасат летото, но за некои земји ќе бидат голем проблем


Вратите на летото во Европа се отвораат полека и тоа со крцкање, а оние што сакаат да поминат низ нив и да заминат на одмор среде постојаните ограничувања поради Ковид-19, наскоро може да го имаат клучот во нивните раце. Иако границите најверојатно ќе останат затворени во наредните недели, Европската унија предлага воведување на дигитален зелен […]

Северна Кореја истрела две ракети со краток досег, како прв тест за администрацијата на Бајден


Северна Кореја во текот на викендот истрела две ракети со краток достег, соопштија американските власти, пренесува телевизијата Еј-Би-Си Њуз. Ракетните проби претходно не биле најавени. Овие викенд ракетни тестови се први што се одржуваат во време на администрацијата на претседателот Џо Бајден, која призна дека се обидела да воспостави контакт со режимот на Ким Џонг-ун. […]

Рецитал „Клавишите на Арда“ во Филхармонија


Рецитал на младиот македонски пијанист Арда Мустафаоглу насловен „Клавишите на Арда“  вечер ќе се одржи во Камерната сала на Филхармонија. На програмата се дела од Хајдн, Скарлати, Шуман и Брамс. Арда Мустафаоглу е студент на Факултетот за музичка уметност и театар во Хамбург. Кариерата ја започнува на шестгодишна возраст освојувајќи бројни награди на меѓународни натпревари: […]

Кристалина Георгиева поддржува одвојување 650 милијарди долари за закрепнување од пандемијата


Извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева изјави дека ги поддржува дискусиите за можна нова распределба на 650 милијарди долари за поддршка на глобалното закрепнување од пандемијата на коронавирусот. – Планирам до јуни да доставам официјален предлог до Управниот одбор на ММФ за одобрување на нова распределба на 650 милијарди американски долари врз […]

Затворена за сообраќај делницата Лакавица-Неготино поради рехабилитација на мост


Од денеска целосно се затвора за сообраќај патниот правец Лакавица – Неготино поради рехабилитација на мост, соопшти Авто мото сојузот на Македонија, повикувајќи се на информација од Дтг Жикол Дооел Струмица. Оваа делница ќе биде затворена во времетраење од пет месеци. На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози и наместа со остатоци […]

СЗО: Новите варијанти на коронавирусот се откриваат во се повеќе држави


Позаразната варијанта на коронавирус VOC 202012/01, првично откриена во Велика Британија, само во последната недела е регистрирана во уште седум земји од светот и со тоа нивниот вкупен број достигна 125. Видот на коронавирусот 501Y.V2, попознат како „јужноафриканска мутација“ е проширин во 75 земји, а истовремено, вирусот П.1, што првично беше пронајден во Бразил и […]

(Видео) Суецкиот канал блокиран од голем товарен брод


Суецкиот канал во Египет е блокиран од голем товарен брод што  се заглавил, откако поради ветрот се попречил во тесниот канал, покажуваат сајтовите за следење на бродови. Неколку бродови риморкери се обиделе да помогнат во придвижењето на 59-метарскиот брод „Ever Given“, што предизвика натрупување на бродовите и целосно го запре сообраќајот. Инцидентот се случил северно […]

Велешки „Брако“ ќе го промовира првото возило на водороден погон во Европа


Велешката компанија „Брако“ денеска во кругот на фабриката ќе го презентира првото возило на водороден погон во Европа, нов модел целосно развиен и произведен во земјава, под брендот „Грин машинс“, којшто е дел од компанијата „Брако“. Покрај тоа, компанијата ќе го презентира и новиот погон, во којшто се вложени осум милиони евра. На промоцијата најавено […]

Победа на Ликуд на Нетанјаху, но тежок пат до составување нова израелска влада


Десничарската партија „Ликуд“ на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и натаму ќе биде најсилната политичка сила во земјата по последните, вчерашни, четврти по ред парламентарни избори во последните две години, покажаа излезните анкети, на кои се повикува ДПА. Владејачката партија најверојатно ќе освои околу 31-33 мандати во израелскиот 120-член Кнесет, предвидуваат излезните анкети објавени на трите […]

Ватикан: Сега џабе ви е целото оружје


Ватикан смета дека пандемијата на коронавирусот може да ги натера владите да сфатат дека трошоците за одбрана не можат да ја гарантираат безбедноста Затоа, според Ватикан, средствата треба да бидат пренасочени за подобрување на здравствената заштита и борбата против сиромаштијата. – Пандемијата ни ја нуди оваа драгоцена можност. Таа не поттикнува да прашаме колку огромните […]

ЕП утре ќе расправа за годишниот извештај за Македонија. Дали ќе помине амандманот за непримерно однесување на Софија?


Европскиот парламент (ЕП) утре ќе расправа и гласа за годишниот Извештај за Република Северна Македонија, кон кој групите на Зелените и Социјалистите доставија предлози за измени и дополнувања, кои се однесуваат на непримерно и провокативно однесување на бугарските власти. Во амандманот, претставници на бугарската Влада се обвинети за провокативни изјави за историски прашања кои ја […]

Макрон: Турските и руските сили да ја напуштат Либија


Странските сили, турските и руските, треба што побрзо да ја напуштат територијата на Либија, изјави францускиот претседател Емануел Макрон. Тој истакна дека само либиските вооружени сили имаат легитимитет и тие треба да овозможат безбедност во Либија. – Сите треба да дадеме се од себе странските сили, кои се наоѓаат на територијата на Либија, да заминат […]