Италија: Најтешко од Втората светска војна, депресија и многу леб


Помина точно една година откако очите на светот беа вперени во Италија, каде се случуваше нешто досега невидено. Целата земја се „заклучи“ на 9 март 2020 година. По Милано и Ломбардија, која стана црвена зона два дена претходно, и фудбалскиот натпревар Јувентус – Интер, кој првпат се играше без публика, тој 9 март Италија првпат […]

Заев за Н1: Балканот веќе не е темпирана бомба, проблемите да се решаваат со пријателство


Верувам дека Балканот веќе не е темпирана бомба, туку станува европски Балкан каде што се градат мостови на пријателство и се наоѓаат решенија преку дијалог и соработка. Убеден сум дека дури и оние решенија кои сè уште не се пронајдени, ќе се најдат со дијалог, изјави премиерот Зоран Заев во синоќешното интервју за телевизија Н1. Прашан […]

Пашињан: Разрешен началникот на Генералштабот на ерменската армија


Ерменскиот премиер Никол Пашињан соопшти дека началникот на Генералштабот на ерменската армија Оника Гаспарјан е разрешен од должноста. Пашињан, кој е на власт од 2018 година, се соочува со криза во земјата откако армијата побара од него да се повлече од власта. Пашињан тој потег го нарече обид за воен удар и се обиде да го смени началникот на Генералштабот, но претседателот Армен […]

(Видео) Метеор помина над Вермонт, куќите се тресеа


  Во неделата веќерта над Вермонт, САД и во некои делови на Канада воочена е огнена топка која се движела со брзина од 67.000 km/h. Агенцијата НАСА Метеор воч на Фејсбук напиша дека околу 17.38 часот по локално време стотина луѓе го виделе метеорот, односно огнената топка со тежина од околу 10 килограми и со […]

Британската мутација на коронавирусот циркулира во 111 земја


Позната по својата поголема заразност, мутацијата на коронавирусот VOC 202012/01, првично пронајдена во Велика Британија, е пронајдена во уште пет земји за една недела и нивниот број достигна вкупно 111, соопшти Светската здравствена организација. Географијата на ширењето на мутацијата 501Y.V2, пронајдена во Јужна Африка, се прошири во 58 земји, а видот П. 1, кој првично беше идентификуван […]

Кинескиот претседател Си Џинпинг ја повика војската постојано да биде подготвена за борба


Кинескиот претседател Си Џинпинг ја повика кинеската армија да биде постојано подготвена пред „нестабилностите“ и „неизвесностите“, јавија денеска државните медиуми, пренесе ДПА. Вооружените сили мора „секогаш да бидат подготвени да одговорат на сите видови сложени и тешки ситуации“, порача Си вчера на средбата со воената делегација на Кинескиот народен конгрес (НПЦ), на годишната сесија на […]

ЕП ја одобри програмата „ЕУ за здравје“ со буџет од 5,1 милијарди евра


Европскиот парламент ја одобри програмата „ЕУ за здравје“, одговорот на Унијата на пандемијата на Ковидид-19, со цел да се зголеми квалитетот и еластичноста на здравствените системи на земјите-членки и буџетот за тоа е 5,1 милијарди евра во периодот од 2021 до 2027 година. На вчерашната пленарна седница, членовите на Европскиот парламент го поддржаа привремениот договор […]

Шпанската групација ИбертАтлантик преговара за производство на руската вакцина


Инвестициската бизнис групација ИбертАтлантик разговара за можно производство на руската вакцина „Спутник V“ против коронавирусот, изјави извршниот директор Педро Мурино. – Што се однесува до „ИберАтлантик“, можам да потврдам дека сме во преговори со уште некои други компании, кои не можам да ги именувам, како и со Рускиот фонд за директни инвестиции за предлогот „Спутник V“ […]

Третина од жените во светот се жртви на физичко или сексуално насилство


Според последните податоци на Светската здравствена организација (СЗО), насилството врз жените е се уште поразувачко и почнува уште од нивната млада возраст. Околу 736 милиони жени или третина од жените во светот над 15-годишна возраст, во одреден момент од нивниот живот биле предмет на физичко или сексуално злоставување, соопштија Обединетите нации. -Насилството врз жените предизвикува […]

Ерменската опозиција го блокира влезот во парламентот во Ереван


Неколку стотици опозициски активисти се собраа синоќа пред ерменскиот Парламент, во центарот на Ереван, јави Тасс. Околните улици и официјалниот влез беа опколени од полиција, а ситуацијата беше мирна, без конфликти. Демонстрантите на повеќе места во центарот на градот запалија оган и пееја патриотски песни, а скандираа и дека „премиерот Никол Пашинијан отсекогаш бил предавник“. […]

Во Естонија на сила построги мерки до 11 април


Владата на Естонија, со цел да се запре ширењето на Ковид-19, забрани собири на повеќе од две лица, ги затвори сите продавници освен прехранбените и им дозволи на рестораните да обезбедуваат само услуги за насоње или испорака. Основните училишта преминуваат на онлајн настава, како и средношколците кои учат од своите домови од почетокот на март, пишува […]

Продолжуваат да важат само ланските дозволи за движење за служени потреби


Министерството за информатичко општество и администрација соопшти дека од дозволите за движење за време на полициски час кои ги издаде во текот на минатата година, продолжуваат да важат само дозволите издадени на барање на правни лица/институции, односно за движење на физички лица само за службени потреби. Сите физички лица кои ја добиле дозволата за службена […]

Од денеска до 22 март полициски час од 22 до 05 часот, движење само со посебни дозволи


На предлог на Комисијата за заразни болеси со цел да се спречи натамошен пораст на бројките на заболени и хоспитализирани од КОВИД-19 Владата одлучи од денеска до 22 март биде воведен полициски час што ќе трае од 22 часот вечерта до 05 часот наутро, а движењето во време на ограничувањето ќе биде можно само со […]

Расте бројот на заразени и хоспитализирани со Ковид-19


Бројот на новозаболени од Ковид-19 и на хоспитализирани во земјава секојдневно се зголемува. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје за изминати 24 часа, регистрирани се уште 872 случаи со Ковид-19, 22 пациенти починаа, а 412 пациенти се оздравени. На инфективните оддели во земјава се лекуваат 899 пациенти со Ковид-19 од кои 353 […]

„Агендата Европа дома“ влог во европската агенда на земјата


Сеопфатен план со јасни задачи и рокови за сите институции во системот во насока на обезбедување фокус и отчетност на реформските чекори за 2021 година, а со цел европеизација на општеството, треба да донесе „Агендата Европа дома“. На презентацијата на документот на прес-конференција во Владата, премиерот Зоран Заев вчера истакна дека во  „Агенда Европа дома“ […]

Почнува вакцинирањето со „Спутник V“


Во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје денеска почнува вакцинацијата против Ковид-19 со вакцината „Спутник V“. Во поликлиниката Букурешт, пак, почнува ревакцинацијата со вакцината на „Фајзер“. Вакциналните пунктови и во двете поликлиники ќе работат во две смени, од 8 часот наутро до 20 часот навечер, од понеделник заклучно со сабота. -Поради проширувањето на ковид капацитетите и […]

Минималната потрошувачка кошничка повисока од просечната плата


Минималната потрошувачка кошничка во февруари изнесувала 33.702 денари што значи дека толку пари му биле потребни на едно четиричлено семејство за да ги подмири основните месечни потреби. Во споредба со просечната плата исплатена во декември како последен објавен официјален податок од Државниот завод за статистика, минималната потрошувачка кошничка е за речиси 5.500 денари повисока. Најмногу […]

Облачно со дожд и снег на планините


Времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Во текот на денот границата на снежните врнежи ќе се спушта, па врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места во западните делови. Најобилни врнежи се очекуваат на западот (локално над 25 л/24ч), […]

(ВИДЕО) Жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите во Атина, Мицотакис повика на воздржаност


Грчки полицаец е повреден во главата во вторникот вечерта во судир во предградието на Атина на протест на кој присуствувале 5.000 лица против „полициското насилство“, соопшти полицијата. Полициски службеник кој се здобил со тешка повреда на главата бил пренесен во болница, објави полицијата. „Во овие моменти мора да надвладее воздржаноста и смиреноста“, изјави грчкиот премиер […]

Студија: Една доза од вакцината на Фајзер обезбедува голема заштита


Со една доза од вакцината Фајзер се постигнува речиси целосна ефикасност околу 11 дена по инјектирањето, па може да се покаже дека втората доза не е потребна, покажа студија спроведена од научници од Универзитетот Барнет во Мелбурн. – Ова е вест што може да донесе оптимизам. Ефикасноста на мРНА вакцините против Ковид започнува на 11-тиот […]