Од Чаир и Бит Пазар подигнати 172 непрописно паркирани автомобили


Во последниве три месеци екипите на ЈП „Градски паркинг“ имаат санкционирано и подигнато 172 возила од територијата на Чаир и Бит-пазар. Градот Скопје во континуитет спроведува акции во сите скопски општини за санкционирање на сите несовесни возачи кои непрописно ги паркираат нивните  возила на јавните површини и прават прекршоци по основ на паркирање на коловоз, […]

Досега издадени 61 лиценца за производство на медицински канабис, во постапка на лиценцирање уште 20-тина барања


Досега се издадени  61 лиценца за одгледување медицински канабис. Во постапка на лиценцирање се преку 20, а 10 се во постапка на изградба. Тие што се во постапка на лиценцирање чекаат комисијата да направи контрола по завршувења на објектот и поднесена документација за да може да добијат лиценца, изјави денеска премиерот Зоран Заев. – Ова е […]

Скопските улици и плоштади ќе се одржуваат чисти со десет нови машини


За одржување на хигиената на јавните и сообраќајните површини ЈП „Комунална хигиена“-Скопје набави специјални машини, кои денеска ги промовира, за сите скопски општини. Станува збор за машини со вшмукувачки систем составен од вакуумски вентилатор со контрола на бројот на вртежи од кабината и можност за хидраулично активирано истурање на отпадот, опремени со резервоар за вода […]

(Видео) Полицијата во Атина со солзавец против студентите кои протестираат поради промени во високото образование


Атинската полиција употреби солзавец во обид да ги растера студентите кои протестираат во главниот град на Грција поради нацрт законот за образование, јави дописничката на МИА од Атина. За време на протестот, студентите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон пред зградата на парламентот на плоштадот Синтагма. Студентите фрлаа со Молотови коктели и камења, по […]

Никој во РЕК Битола нема да остане без работа поради енергетската транзиција, вели директорот Ќурчиевски


РЕК Битола нема намера да ја намали динамиката на работа и покрај предвидената енергетска транзиција на комбинатот и замената на јагленот како погонско гориво со обновливи извори на енергија, потврди денеска генералниот директор на комбинатот Златко Ќурчиевски. -Самата постапка на купување на механизација во овој обем каков што соопштивме денеска и предвиденото купување циклична механизација […]

РЕК Битола склучи договор за набавка на 36 машини и камиони за ископ на јаглен


РЕК Битола денеска потпиша 16 договори со пет фирми за набавка на 36 машини и камиони,  сопствена опрема за потребите на рудниците за ископ на јаглен за непречено производство на електрична енергија. Вкупната вредност на инвестицијата е 1,080 милијарди денари или 17,55 милиони евра. Од објавените 47 парчиња механизација се набавуваат 36, а за останатите веднаш ќе се […]

ЕК: Спутник V не е дел од стратегијата на ЕУ за вакцинација


Eвропската комисија соопшти дека руската вакцина Спутник V не е дел од стратегијата на ЕУ за вакцинација, ниту пак за нејзино вклучување во стратегијата на ЕУ се дискутира со нејзините производители. Се додава дека рускиот производител Спутник V е во контакт со Европската агенција за лекови во врска со проценката на оваа вакцина. – ЕУ […]

„Хајнекен“ ќе отпушти 8.000 вработени поради пад на профитот


Холандската компанија за производство на пиво „Хајнекен“ денеска соопшти дека планира да отпушти 8.000 вработени, што е речиси 10 проценти од нејзината глобална работна сила, поради падот на профитот и приходите во 2020 година под влијание на пандемијата на Ковид-19. Од Хајнекен посочуваат дека планираните отпуштања се дел од програмата за преструктуирање насочена кон намалување […]

МФ: Со измените за сметководствени услуги нема промени во постапката за признавање квалификација од странство


Предложените измени на Законот за вршење на сметководствени услуги не прават никакви промени на тековниот пазар на сметководствени услуги во земјава, туку само се допрецизира тековното решение во однос на професионалната квалификација стекната во странство, наведува Министерството за финансии во писмената реакција на денешната прес-конференција на Комората на сметководители. Во реакцијата се додава дека не се […]

Иницијативата за вонреден конгрес е помош за Заев, тврди Милошоски


Раководството на ВМРО-ДПМНЕ ја отфрли иницијативата за вонреден конгрес на група членови на партијата затоа што не била статутарна. Според пратеникот Антонио Милошоски оваа иницијативата била на група на луѓе кои „подолго време имаат одредена дистанца од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ“. Тој денеска на прес-конференција изјави дека „оваа иницијатива не е статутарна, ниту е правна. Ова […]

Кина: Вашингтон да ја повика СЗО во САД да го истражи потеклото на Ковид-19


Кина денеска ги повика САД да и овозможат на Светска здравствена организација „да го истражи потеклото на тамошното избивање на епидемијата со Ковид-19“. Барањето на Пекинг уследи откако СЗО го заврши теренското истражување во кинескиот град Вухан. – Сакаме американската страна како Кина да застапува отворен и транспарентен став и да ги повика експертите од […]

(Видео) Трик за најбрзо лупење компири


За да излупите компир најбрзо, треба да го знаете само овој едноставен трик – штом ќе го измиете, повлечете тенка линија точно на половина со остар нож! Засекот треба да биде плиток, доволно колку да се исече лушпата. Ставете ги компири да се готват, како што обично правите. Најдоброто нешто во врска со овој совет […]

Боровинките го решаваат проблемот што го има секој втор човек, почнете што поскоро да ги јадете


Високиот крвен притисок е еден од најчестите здравствени проблеми меѓу граѓаните, но едно овошје може да помогне во регулирање на крвниот притисок. Станува збор за боровинки, овошје за кое е докажано дека штити од срцеви заболувања поради полифенолите што ги содржи. Постојат сè поголеми доказ дека боровинките можат да го подобрат кардиоваскуларното здравје. Тие содржат […]

Министерството за култура раскина договори за нереализирани проекти вредни над милион евра


Министерството за култура денеска соопшти дека во периодот од 1 септември 2020 до 31 јануари 2021 година поради нереализирани проекти и неуредна финансиска документација раскина договори во вкупен износ од 70.776.722 денари, односно над еден милион евра.  Од Министерството за култура информираат дека е спроведена внатрешна ревизија.   -Наодите од ревизијата, Министерството по службена должност […]

Фирмите ќе може да бираат дали ќе бараат помош за плати или бескаматни кредити, вели Заев


Ние сме на крај на димензионирање на петтиот пакет мерки. Секако ги слушаме синдикатите, работниците, работодавачите, коморите, сите партиципиенти од овој процес и ќе носиме конечни одлуки. Конечноста на одлуката веројатно ќе биде сублимат  викендот на којшто ќе работи економскиот тим на Владата за да може да ги даде предлозите официјално и пред јавноста и пред  Владата […]

Анкета: За мнозинството Французи проширување на ЕУ со Западен Балкан е неважно


Мнозинството Французи се против проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан и ова прашање не го сметаат за важно, но, според нив, интеграцијата на државите од регионот би и донела геополитички предности на Унијата, покажуваат резултатите од истражувањето на Институтот за европски политики при Фондацијата „Отворено општество“ спроведено во Франција. Анкетата покажува и дека […]

Елтон Џон и Мајкл Кејн во реклама за охрабрување на вакцинацијата против Ковид-19 (видео)


Англија– Двајца од можеби најпознатите британски уметници, пејачот Елтон Џон и глумецот Мајкл Кејн ги здружија силите за комична реклама, со цел охрабрување на своите обожаватели да се вакцинираат против Ковид-19. Во рекламата Џон (73), го пародизира својот раскошен углед, а Кејн (87) се потсмева сам себе повторувајќи го славниот слоган што го користат безброј […]

Заев: Енергетската транзиција веќе се одвива, ќе има економски и еколошки бенефити  


Енергетската транзиција на земјава е процес кој се одвива, а со цел да се обезбеди стабилност на електроенергетскиот систем целиот процес оди постепено. Наша цел е да ја направиме државата една од оние европски земји кој од доминантно застапени фосилни енергенси се пренасочија кон енергетски капацитети кои ќе го користат Сонцето, ветерот, водата и природниот гас, […]

Јапонија обезбедува опрема и поддршка за 47 здравствени установи


Амбасадорот на Јапонија,  Хиронори Савада, го потпиша третиот договор во 2021 година, во рамки на јапонската програма за грантови за основни потреби и безбедност на граѓаните во Република Северна Македонија.Третиот договор за грант е за Проект за подобрување на медицинската опрема за итна помош на ЈЗУ Здравствен дом Скопје, во вредност од 40.420 евра, кој […]

Д Фестивал дел од европскиот проект „SMA“


Најголемиот домашен летен фестивал – Д Фестивал оваа година ќе биде дел од европскиот проект „SMA“ чија цел е меѓу другото да поттикне создавање на одржливи инфраструктури во областа на креативните индустрии во периферните европски држави, поддржувајќи го економскиот и социјалниот раст на локалните и регионалните заедници.  – „SMA!” како акцелератор за поддршка на мали […]