Рестораните за свадби бараат протоколи за да почнат со работа, во спротивно ќе протестираат


Итно укинување на членот 14 од Уредбата донесена на 23.06.2020 со кој се забранува организирање секаков вид настани (свадби, крштевки, родендени) во отворен и затворен дел од угостителските објекти, бараат членките на Туристичко-угостителската комора (ТУК). Тие денеска на прес-конференција апелираа државата да донесе соодветни протоколи за да почнат со работа. Ако тоа не се случи, како […]

Економското зајакнување на жените од Западниот Балкан клучно за подобро закрепнување по пандемијата


Неизвесно е кога Западниот Балкан ќе постигне соодветна покриеност на своето население од 18 милиони луѓе со вакцина против Ковид-19. Една работа, меѓутоа, е сигурна. И кога значаен број жени ќе се вратат на работните места што ги изгубија во текот на пандемијата, родовата нееднаквост нема да исчезне, што го спречува регионот да го оствари […]

Извршен претрес во станот на австрискиот министер за финансии


Државното обвинителство за борба против стопанскиот криминал и корупција на Австрија денеска изврши претрес во станот на министерот за финансии Гернот Блимел. Блимел денеска имал закажано состанок во обвинителството, каде очекувал да му биде објаснето како се нашол на листата осомничени во аферата околу „Казино“ Австрија, а наместо тоа добил налог за претрес на неговиот […]

Нова услуга за македонските добавувачи за пристап на германскиот пазар


Делегацијата на германското стопанство соопшти дека нуди нова услуга со која на компаниите добавувачи од Северна Македонија, Албанија и Косово ќе им се овозможи пристап на германскиот пазар. Според Делегацијата, во декември 2020 година индустриското производство во Северна Македонија бележи раст од 2,5 проценти во однос на декември 2019 година, но дали трендот на раст ќе […]

СДСМ го повикува Милошоски да поднесе оставка како морален чин


По информацијата дека Антонијо Милошоски пред да биде назначен на функцијата министер за надворешни работи бил казнет во Германија за фалсификување исправа од СДСМ го повикаа да им се извини на граѓаните и да поднесе оставка од пратеничката функција. „Пратеник кој ги лажел граѓаните со години, кој се уште не ја зборува вистината пред нив, […]

Започна првата фаза за креирање на Националната развојна стратегија 


Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, британската амбасадорка во земјава, Рејчел Галовеј, постојаната координаторка на ОН, Росана Дуџак и постојаната претставничка на УНДП Нарине Сахакјан денеска одржаа средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, кого го информираа за започнување на првата фаза на проектот Национална […]

Креаторот на страницата vaksajns.mk повикан во полиција


Креаторот на страницата vaksajns.mk, која води до официјалната страница, vakcinacija.mk, Адил Бакиу, објави статус на својот Фејсбук профил, во кој посочува дека е повикан во Полициската станица-Карпош. -Краток апдејт: во 13:30 сум поканет во ПС Карпош на разговор околу доменот vaksajns.mk. Единицата за компјутерски криминал мене брзо ми влезе во трага и брзо ме поканија […]

Клуге: Ковид-19 ослабува во Европа


Данска– Заразноста од Ковид-19 и смртните случаи како резултат на инфекцијата се намалуваат во Европа, изјави директорот на Регионалната канцеларија за Европа на Светската здравствена организација (СЗО) Ханс Клуге на брифинг во Копенхаген. – Иако секоја недела се пријавуваат повеќе од еден милион инфекции во европскиот регион, вкупната заразност од Ковид-19 се намалува веќе четири последователни недели, […]

Во јавниот сектор и натаму се огласуваат работни места со несоодветно образование


Транспаренси Интернешенел и Државната комисија за спречување на корупција ги презентираа денес наодите од мониторингот за корупцијата во вработувањето во јавниот сектор, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам. Според Слаѓана Тасева, мониторингот се однесува на спроведувањето на 40 препораки дадени од нив во оваа сфера, посочувајќи дека заклучокот е прилично позитивен, бидејќи вкупно 47 […]

Судењето за организаторите на „27 април“ продолжува на 16 февруари


Судењето за организаторите на случувањата во Собранието на 27 април 2017 година продолжува на 16 февруари, откако на денешното рочиште беа сослушани повеќе сведоци на одбраната. Поранешната заменик министерка за правда Биљана Бришковска Бошковски,  рече дека на 27 април 2017 година попладнето, откако дознала за случувањата се упатила во штабот на ВМРО-ДПМНЕ да се види […]

Оскарите ќе се доделуваат на повеќе локации


САД– Свеченоста на доделувањето на Оскарите на 25 април ќе се одвива на повеќе места, а не само од „Долби театарот“ во Лос Анџелес, како досега, соопшти Американската академија за филмски науки и уметности. – Во оваа уникатна година, која бара толку многу од нас, Академијата е решена да ги додели Оскарите, притоа давајќи приоритет […]

„АстраЗенека“ ќе произведува по над 200 милиони вакцини месечно до април


Компанијата „АстраЗенека“ очекува овој месец да произведе повеќе од 100 милиони дози од својата вакцина против Ковид-19, развиена во соработка со Универзитетот Оксфорд, зголемувајќи го производството на над 200 милиони месечно до април, изјави денеска генералниот директор на компанијата Паскал Сорио. Шефот на одделот за истражување и развој БиоФармасјутикалс РиД, Мене Пангалос претходно изјави дека […]

Средба на Димитров со новиот претставник на „Конрад Аденауер“, Браун


Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска имаше средба со новиот претставник на фондацијата „Конрад Аденауер“, Даниел Браун. -Континуираната поддршка од Фондацијата „Конрад Аденауер“ за евроинтеграциските процеси, која вклучува и промовирање на политички дијалог и развојот на граѓанското општество трае веќе две децении, а за успешната соработка сведочат бројните проекти зад нас кои се реализирани […]

Битолски „Комуналец“ ги отстранува откорнатите и скршени дрвја по синоќешниот силен ветер во Битола


Екипи на локалното комунално претпријатие „Комуналец“ ги отстрануваат откорнатите и скршените дрвја кои паднаа по синоќешниот силен ветер во Битола. Акцијата се реализира на повеќе локации, но приоритет е даден на места каде е попречен сообраќајот или локации каде се собираат деца и млади, каков што е детскиот парк во граскиот парк, информираа од ЈП […]

ЕК: Економскиот раст на ЕУ ќе започне во вториот квартал на годинава


Европската комисија предвидува дека растот на бруто домашниот производ на Европската унија во 2021 година ќе изнесува 3,7 проценти, а следната година 3,9 проценти, по падот од 6,3 проценти во 2020 година. Во исто време, ЕК предвидува раст на еврозоната од 3,8 проценти за двете години. Во зимската економска прогноза објавена денеска, Комисијата проценува дека […]

Рециклирање отпад во училиштата во Карпош по нов тајминг


Од основното училиште „Христијан Тодоровски – Карпош“, Општина Карпош ја обновува идејата за повторно рециклирање на отпад: пластика, хартија и батерии, во сите десет основни училишта на нејзина територија. Активностите за рециклирање на отпад, општината ги спроведува во партнерство со организациите „Пакомак“ и „4 SELECT“. Од општинската прес-служба информираат дека сите образовни установи се опремени […]

Интернет-саем на кинески книги организира „Македоника литера“


По повод Кинеска нова година, Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од утре до 16 февруари  ќе одржи интернет-саем на кинески книги кои ги има објавено. На петдневниот е-саем „Македоника литера“ ќе понуди и ќе претстави педесетина репрезентативни кинески книги од областа на кинеската култура, културна историја, класична филозофија, историја и белетристика. Меѓу другото, ги има објавено […]

УХМР најавува снег, мраз и ниски температури


Од утре под влијание на многу студена воздушна маса од најсеверните географски ширини, времето ќе биде многу студено со умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во деновите од викендот ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, а […]

Украина ја забрани руската вакцина „спутник V“


Украина забрани употреба на руската вакцина против коронарниот „Спутник В“ на нејзината територија, со образложение дека во земјата не може да се дистрибуира ниту една вакцина произведена од држава агресор, пренесува „Гардијан“. Овој потег доаѓа во време кога Европската унија ја разгледува можноста за одобрување на руската вакцина, а во студија во престижното медицинско списание […]

Пикок: Британскиот вид ќе биде доминантен во светот, но вакцините се ефикасни и за него


Британската експертка Шерон Пикок смета дека новиот вид на корона вирусот кој е првпат откриен во Кент, ќе стане доминантен вид на вирусот во светот и засега сите вакцини регистрирани во земјата покажале ефикасност против истиот. Професорката Пикок потврди за Би-би-си дека новиот вид кој ја зафатил Велика Британија ќе се прошири во цел свет, […]