СЗО: Во изминатите 24 часа со коронавирусот се заразиле 300.000 луѓе


Швајцарија – Во светот во изминатите 24 часа регистрирани се повеќе од 300.000 новозаразени со коронавирусот, а бројот на заразени лица од почетокот на пандемијата во светот надмина 108,15 милиони, соопшти синоќа Светска здравствена организација. Бројот на потврдени случаи се зголеми за 300.530, а починаа уште 7.776 лица. Во Европа се регистрирани најголем број случаи (122.528), следуваат Северна и Јужна Америка (115.652) и областа на Источен Медитеран (22.938). Од почетокот […]

Израелско истражување: Вакцината на „Фајзер“ е 94 отсто ефикасна


САД–  Вакцината на Фајзер/Бионтек против коронавирусот покажала ефикасност од 94 проценти во студија на повеќе од милион луѓе, соопшти најголемата израелска компанија за здравствено осигурување. Според компанијата Клалит, тестирани биле 600.000 луѓе кои примиле две препорачани дози на вакцина, и ист број на луѓе кои не биле вакцинирани. Вакцините покажаа намалување на симптомите за 94 […]

Бајден ќе присуствува на виртуелна средба со лидерите од Г-7


САД– Американскиот претседател Џо Бајден ќе присуствува на неговиот прв состанок со лидерите на Г-7 в петок (19 февруари). Состанокот ќе биде виртуелен и ќе се разговара за пандемијата на коронавирусот и светската економија, соопшти Белата куќа. „Виртуелната средба со лидерите на водечките демократски  пазарни економии ќе му овозможи на претседателот Бајден да разговара за […]

Здравствените работници во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ први ќе се вакцинираат


Вакцинацијата против Ковид-19 во државава ќе почне в среда (17 февруари). Први ќе бидат вакцинирани здравствените работници во модуларната болница во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Во земјава вчера пристигна првата пратка од 4.680 вакцини од предвидените 8.000 вакцини против Ковид-19 на компанијата „Фајзер“ кои се донација од Србија. Вакцините на граничниот премин Табановце […]

Катастарот лани впишал 15.852 легализирани објекти, нова евиденција и за државниот имот


Во Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) лани биле успешно завршени 15 852 барања за легализација. Од стартот на процесот за легализација досега вкупно се впишани 264.488 легализирани објекти, информираат за МИА од Агенцијата за катастар на недвижности. Со актуелниот Закон за легализација можеа да се легализираат дивоградби изградени до март 2011 година, а во […]

„Оксфам“ ја повика ЕУ да забрза распределба на бегалци


Белгија – Хуманитарната организација Оксфам и Грчкиот совет за бегалци ја повикаа Европската унија за забрзување на прераспределбата на бегалците меѓу државите во блокот, јави ДПА. Откако Европската комисија даде предлози за реформи во септември минатата година, има мал напредок, велат организациите во нивниот заеднички извештај. Од септември до крајот на минатата година, не повеќе […]

Пандемијата ги натера земјоделските компании да користат современи алатки


Корона кризата ги натера земјоделските компании кои извезуваат свои производи и расади да ги користат компјутерите и апликациите за да имаат контакт со странските партнери. Земјоделската фирма на Бојан Стефанов во селото Аргулица, во општина Карбинци неколку години наназад,  дел од садниците за лозов и овошен насад ги извезува во Русија.  Заради пандемијата потребните дозволи […]

Перуанската министерка за надворешни поднесе оставка откако се вакцинирала пред приоритетните групи


Перу–  Перуанската министерка за надворешни работи Елизабет Астете поднесе оставка откако призна дека направила голема грешка со вакцинирањето против Ковид-19 во јануари, пред приоритетните групи од населението. Привремениот претседател Франциско Сагасти веднаш ја прифати нејзината оставка. Астет е втората министерка која ја напушта владата поради скандал со вакцинација, откако шефицата на Министерството за здравство го […]

Сончево и многу студено до минус 16


Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -16 до -6, а максималната ќе достигне од -5 до 0 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура […]

Австралија ја доби првата пратка вакцини против Ковид-19 на „Фајзер“


Австралија– Австралија следната недела ќе почне со вакцинирање на своето население против Ковид-19, откако денеска ја доби својата прва пратка вакцини од американската компанија „Фајзер“. Владата соопшти дека над 142.000 дози пристигнале на пристаништето во Сиднеј. Меѓу првите вакцинирани на 22 февруари ќе бидат медицински лица, жители на домови за стари лица и вработени во […]

Избори во Косово: излезните анкети покажуваат триумф на партијата на Албин Курти


Според првите резултати на излезните анкети на Институтот „Пипос“ од Приштина, победник на вонредните избори во Косово е движењето Самоопределување (ПС) на Албин Курти, кое добило 41,8 проценти од гласовите, пренесува српската агенција Бета. Во резултатите од излезните анкети презентирани на ТВ Клан, Демократската партија на Косово (ДПК) е на второ место со 16,5 проценти, […]

Зошто Владимир Ѓорчев кажува толку невистини околу вакцините и короната


ЉУПЧО ПОПОВСКИ Ѓорчев тврди дека Македонија била најлоша во светот со вакцините и имунизацијата, а фактите велат дека во 120 земји вакцинацијата воопшто не е почната. Дури и во силни демократии и екстремно моќни економии, како Јапонија, Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја   Во политиката изјавите многу често се работ на вистината. Тие знаат да […]

Компромисното решение за државната матура прифатливо и за МОН


Компромисното решение за начинот на полагање на државната матура што го прифати Сојузот на средношколци е прифатливо и за Министерството за образование и наука. Од МОН соопштија дека предложениот модел е во интерес на сите матуранти, а Република Северна Македонија го задржува стандардот од 4 испити (2 екстерни и 2 интерни) и ниту еден матурант […]

Принцот Хари и Меган Маркл повторно ќе станат родители


Портпаролот на принцот Хари и Меган Маркл потврди дека очекуваат второ дете. Портпаролот на принцот Хари и Меган рече дека „може да потврди оти Арчи (2) ќе стане постар брат“, објави „Гардијан“. „Можеме да потврдиме дека Арчи ќе стане постар брат. Војводата и војвотката од Сасекс се пресреќни што очекуваат второ дете“, стои во соопштението.

Расчистени улиците во Општина Центар, активностите продолжуваат и во вечерните часови


Општина Центар, општинската зимска служба и работниците задолжени за одржување на хигиената веќе втор ден го расчистуваат снегот на улиците кои се под oпштинска надлежност. Општинските служби за одржување на хигиената ги расчистуваат велосипедските и пешачките патеки, тротоарите и останатите јавни површини. После обилните врнежи на снег кои го зафатија Скопје изминатото деноноќие, активирани се […]

Вардар поразен во Скопје од ПИК Сегед во ракометната Лига на шампиони


Македонскиот ракометен првак Вардар го претрпе петтиот пораз во седмиот натпревар во Лигата на шампиони, откако со голем пад во играта во завршните минути загуби вечерва во Скопје од унгарски ПИК Сегед со 28:26 (13:15). Унгарскиот шампион подобро го отвори натпреварот во салата „Јане Сандански“ одржувајќи константна предност во воведните минути која достигна највисоки плус […]

Горан Пандев: Ако клубовите не одлучуваат во ФФМ ќе се тргнам настрана


 Капитенот на македонската фудбалска репрезентација и сопственик на прволигашот Академија Пандев, Горан Пандев, се огласи на Инстаграм по одложувањето на денешното прволигашко коло заради снегот и вчерашниот натпревар кој го одигра неговиот клуб. -Срамно и жално… уште еднаш докажавте дека вие сте нефудбалски луѓе, луѓе што не му мислат добро на македонскиот фудбал, туку ве […]

Ниеден починат од Ковид-19 и рекорден број тестови во Косово последните 24 часа


Во Косово во минатото деноноќие, за прв пат по подолго време, не е забележана ниеден смртен случај на заболен од Ковид-19, така што бројката на жртви на заразата од коронавирусот од неговата појава во март минатата година остана 1.544, јави дописникот на МИА од Приштина. Вчера за прв пат се извршени над три илјади тестови со методот […]

Поради влошената епидемиолошка и временска состојба Албанија ќе ги отвора регионалните ковид центри


Се поголемиот број заразени со Ковид-19 на кои им е потребно болничко лекување и невремето што ја зафати Албанија, обилен снег и минусни температури, кои го отежнуваат транспортот на болните до Тирана, најавено е отворање на ковид центрите во регионалните болници. Според министерката за здравство Огерта Манастирлиу ситуацијата во четирите ковид болници е под контрола, […]

Велика Британија ги вакцинираше четирите најранливи групи


Британската Влада денеска соопшти дека 15 милиони луѓе ја примиле првата доза на вакцината против коронавирусот. Според Гардијан, Владата соопштила дека ја постигнала својата цел до средината на февруари со најмалку една доза да вакцинира четири групи луѓе за кои се смета дека се најранливи на коронавирусот. Четирите приоритетни групи беа повозрасни жители на домови […]