Цените на бензините и дизелот останаа непроменети, поевтинува екстра лесното масло


Малопродажните цени на бензините и дизелот остануваат непроменети, од ноќеска на полноќ нова пониска цена ќе има Ексстра лесното масло за домаќинство за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Според одлуката малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) остануваат на исто […]

Опозицијата бара интерпелација и за Николовски и Маричиќ


Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова денеска во Собранието информираше за покренувањето интерпелација за двајца членови на Владата – за Љупчо Николовски како заменик претседател на Владата за борба против корупција за одржлив развој и човечки ресурси и за министерот за правда Бојан Маричиќ. – Сведоци сме деновиве на засилена „сеизмичка активност“ во Македонија, секој […]

Сведоци: ВМРО-ДПМНЕ немала официјален став за протестите на 27 април


 Судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година продолжува на 5 февруари, откако на денешното рочиште беа сослушани повеќе сведоци предложени од одбраната. Повеќе членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и членови и претседатели на општински и месни комитети на партијата во 2017 година, на денешното рочиште рекоа дека не […]

Продолжуваат протестите во Словенија поради затворањето на училиштата


Во Словенија и денеска продолжија протестите на родителите и учениците, кои реагираат на долготрајното затворање на образовниот систем, додека премиерот Јанез Јанша рече дека протестите се политички мотивирани и претставуваат злоупотреба на деца. Според новата одлука на Владата, денеска, втора недела по ред, работата на градинките и првите три одделенија во основните училишта во седум […]

Поддршка од 93 граѓански организации за приоретизирање на родовата рамноправност во основно образование


 Вкупно 93 граѓански организации изразија поддршка за приоретизирањето на родовата рамноправност и на заштитата од дискриминација и насилство во предлог-концепцијата за реформи во основното образование. Како што соопштија денеска од ХЕРА, интеграцијата на родовите прашања во основното образование несомнено ќе влијае на подолг рок врз намалување на родовите стереотипи кај децата и врз градењето на […]

Месната индустрија бара да се вратат ваучерите „Купувај домашно“


Четвртиот и петтиот пакет антикризни мерки нема да имаат ефект зашто не се правилно насочени, реагираа денеска претставниците на месната индустрија од земјава. Тие сметаат дека Владата повторно треба да ги врати ваучерите „Купувај домашно“, за да се насочат средствата на граѓаните кон домашните компании. Засега проблемот со вишокот свежо свинско месо кој се јавил […]

Струјата во Србија поскапе за 3,4 отсто, но на сметките има и друга обврска


Електричната енергија во Србија од денес е поскапа за 3,4 проценти. Просечната цена на електричната енергија за корисниците кои имаат право на гарантирано снабдување по регулирани цени, а тоа се домаќинствата и малите потрошувачи, ќе изнесува 7,867 динари (4,12 денари) за киловат-час, без даноци и давачки. Иако цената на електричната енергија се зголеми за 3,4 […]

Радев, со Јотова како потпретседател, во трка за повторен мандат на чело на бугарската држава


 Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека очекува да биде заедно на Илијана Јотова во претседателски/потпретседателски тандем за наредните претседателски избори, кои ќе се одржат во таа земја до крајот на годината, јави дописникот на МИА од Софија. Радев вели дека е сигурен дека ќе ја добијат довербата на Бугарската социјалистичка партија (БСП) како нивни кандидати, […]

(Во живо) Презентација на онлајн платформа за пријавување загадување до ДИЖС


Проследете ја во живо презентацијата на онлајн платформа за пријавување загадување до ДИЖС. Разбистри сè! Со оваа платформа граѓаните ќе можат да пријавуваат загадувач или загадување во тек, преку четири канали, а инспекцијата ќе изготви налог и инспекторот ќе замине на терен. – Може да изберете алатка фејсбук, месинџер, е-маил, веб-страницаа и карта на загадувачи која […]

Средношколски сојуз го продолжи бојкотот и ќе има средби со пратенички групи


Матурантите организирани од Средношколски сојуз  денеска го продолжија бојкотот, кој почна со второто полугодие, 21 јануари, со барање да полагаат два наместо четири предмети на државната матура. Првичниот план беше една недела да бојкотираат и потоа да решаваат за  идните чекори, а викендов донесе одлука и натаму да не се вклучуваат на настава. Претседателот на […]

Трамп ангажираше нови адвокати за процесот на отповикување во Сенатот


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ангажираше двајца нови адвокати за своја одбрана, неколку дена пред процесот на отповикување во Сенатот. Трамп најави дека одбраната ќе ја водат Дејвид Шон и Брус Л. Кастор јуниор. Во изјавата на Доналд Трамп се вели дека поранешниот претседател и адвокатите се согласуваат дека отповикувањето е неуставно. Одлуката за ангажирање […]

Зголемени водостоите на реките


Бранот врнежи што ја зафати земјава, ги зголеми водостоите на реките, покажуваат денешните хидролошки мерења. Според УХМР, некои од реките се повеќе од двојно зголемени, а во рамки на просекот за февруари се само Црна и Струмица. Дојранското Езеро, како и досега, е над месечниот просек, додека Преспанското и Охридското Езеро се намалени. Сепак, Преспанското […]

Медведев: Навални користи подмолни техники за да дојде на власт


Заменикот претседател на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев го опиша лидерот на руската опозиција Алексеј Навални како политички подлец, чии обиди да дојде на власт ги оцени како несоодветни и несовесни, пренесува ТАСС. – Претходно мислев за него на овој начин и сè уште мислам така. Верувам дека Навални е политички подлец, личност која […]

Димитриеска Кочоска: Четири странски инвеститори ги раскинале договорите


Една германска компанија, две турски и една албанска, ги раскинале договорите за вложување во земава, изјави Гордана Димитриеска Кочоска, претседателка на Комисијата за материјално-финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ. „Само во последниов период раскинати четири договори со странски инвеститори и тоа се странски инвеститори кои СДСМ ги договорил, потоа ги раскинале договорите, станува збор за германски Кеслер кој […]

Шест од најчудните појави во Вселената


Универзумот е исполнет со најразлични појави, од коишто само некои се откриени од човекот, а бесконечно многу допрва треба да се откријат. Следуваат неколку кои само покажуваат колку е бесконечна Вселената. Најголемиот ураган во Сончевиот Систем Оваа Голема Црвена Дамка на Јупитер е, всушност, непрестајна бура, вртлог со висок притисок, за кој се знае дека […]

Фото и видео дејностите се здружија во Комора, бараат поддршка од Владата и вклучување во петтиот сет мерки


Претставниците на фотографската и видео дејноста во земјава формираа Комора. Здружени, апелираат дека и тие се погодени од пандемијата, дека се колатерална штета од ограничувањата за работа на угостителските објекти, дека е загрозена нивната егзистенција и дека државата ги заборавила. Затоа, како што соопштија денеска, бараат да бидат опфатени со петтиот пакет антикризни мерки. Новата […]

Руското обвинителство ја поддржа затворската казна за Навални


Руското обвинителство соопшти денеска дека го поддржува барањето на затворските власти условната казна на опозицискиот лидер Алексеј Навални да се замени со затворска казна, објавија западните медиуми. По враќањето на Навални во Русија му е одреден притвор од 30 дена, а обвинет е за прекршување на условната казна, со која е осуден поради измама во […]

Продолжува судењето за организаторите на 27 април


 Со сослушување сведоци предложени од одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година. На денешното рочиште се повикани повеќе сведоци, предложени од одбраната на Спиро Ристовски. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник […]

Франција: Германија да се откаже од Северен поток 2 поради Навални


 Франција ја повика Германија да се откаже од големиот проект за гасовод со Русија во знак на протест поради апсењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во Москва. – Отсекогаш сме велеле дека имаме најголеми сомнежи во врска со овој проект, истакна францускиот министер за европски прашања Клемент Бон, мислејќи на Северен поток 2. Илјадници […]

Воениот удар во Мјанмар: Кога предупредувањата ќе станат стварност


Во Мјанмар извршен е воен удар, а седмици порано постоеше загриженост дека тоа може да се случи. Восјката како причина ги наведе измамите на неодамна одржаните општи избори. Војската во Мајнмар, држава позната и како Бурма, владееше 50 години. Тоа се случуваше до 2011 година. Во неомври лани одржани се избори и на нив повторно […]