(Во живо) Прес-конференција на директорката на УЈП


Директорката на Управа за јавни приходи Сања Лукаревска ќе одржо прес-конференција на тема „Анализа на искористеност на мерката Финансиска поддршка за исплата на плата за месец декември 2020 година“. Проследете ја во живо:

Спасовски: Ниту еден обид за злоупотреба на службената положба нема да се толерира


Против осум лица вработени во МВР и уште 28 граѓани покренати се кривични пријави во истрагата со фалсификуваните возачки дозволи. За инволвираните полициски службеници ќе следи суспензија и дисциплински постапки. Ниту еден обид за каква било злоупотреба на службената положба нема да биде толериран за кого и да се работи и во која институција и […]

Царовска: Го приближуваме средното стручно на потребите на компаниите, заедно креираме профили


Продолжуваат консултациите на Министерството за образование и наука со компаниите, стопанските комори и локалните самоуправи за потребата од отворање на нови профили и паралелки во средните стручни училишта низ државата, од идната учебна година. Денеска во Велес, министерката за образование и наука Мила Царовска имаше работна средба со градоначалникот Аце Коцевски и претставници на локалните […]

Заев: Гоце Делчев секогаш повикуваше на единство и сплотеност во политичките предизвици


Денеска, 4 февруари, на денот на раѓањето на великанот и инспираторот на македонското национално револуционерно дело – Гоце Делчев, се сеќаваме и оддаваме почит на неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност, напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев. – Како инспиратор и двигател на македонската револуционерна организација, Гоце Делчев секогаш повикуваше на единство и […]

ЕЦБ ја продолжи важноста на репо-линијата, ѝ овозможи на Народната банка пристап до девизна ликвидност во евра до март 2022 година


Европската централна банка (ЕЦБ) донесе одлука за продолжување на важноста на репо-линијата преку којашто минатата година, за првпат, ѝ овозможи на Народната банка пристап до девизна ликвидност во евра, со соодветно обезбедување. Имено, крајниот рок на примена на репо-линијата во вредност до 400 милиони евра е продолжен до март 2022 година, соопштти Народната банка. Оваа […]

Градинката „Мајски цвет“ доби два хибридни колектори


Заврши поставувањето на првите хибридни колектори на јавен објект кај нас кој е под надлежност на некоја локалната самоуправа, поточно во Општина Карпош.. На еден од поновите објекти на градинката „Мајски цвет“, во Тафталиџе 2, поставени се колектори кои преку искористувањето на сончевата енергија произведуваат 300 литри санитарна топла вода и 3,2 киловати струја. Тие […]

Доктор открива кое масло е најопасно по здравјето: Ни случајно да не го користите за пржење


Употребата на масла во исхраната, како и другите масти, треба да биде ограничена, освен ако не се однесува на здрави масти. Дали знаевте дека не секое масло е подеднакво здраво или нездраво? Докторка открива кои масла треба да се избегнуваат и кои се најлоши! Постојат две причини зошто овие масла се лоши за нас – […]

Минатата година имало најмалку жртви во сообраќајки


Минатата година евидентирано е историско намалување на бројот на жртви од сообраќајни незгоди во земјава. Во јануари оваа година забележано е дека има намалување за 56 проценти на бројот на жртви во однос на истиот месец во 2020 година. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на прес-конференција рече дека ваквиот резултат се должи на […]

Столтенберг призна дека додека Трамп бил претседател на САД, имало тешки разговори


 Не негирам дека имало тешки денови и разговори со поранешниот претседател на САД во изминатите четири години, нагласи генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како одговор на прашањето за проценката на администрацијата на Доналд Трамп. – И покрај тие тешкотии, САД и Европа направија повеќе за НАТО отколку што беше направено во претходните години, истакна […]

Дел од булевар „Јане Сандански“ денеска без вода


Без вода денеска ќе бидат корисниците од булевар „Јане Сандански“ од зграда бр.32 до бр.64, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје. Како што информираат од претпријатието, прекинот на водоснабдувањето е поради дефект на шибер ф 80 мм на бул. „Јане Сандански“ 60 и ќе трае до санирање на дефектот. 

До недела со натпросечни температури, од понеделик дожд


Стабилно, топло време со натпросечни дневни температури  ќе се задржи до недела, по што ќе следи период на променливо облачно со локални врнежи од дожд. Според најавата од УХМР, по котлините во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утре […]

Општина Центар предвиде девет милиони денари за рециклирање


Предлог – буџетот на Општина Центар за 2021 година кој беше предложен и усвоен на 58. седница од страна на Советот на општината, проектиран е основен буџет во износ од 756.100.000 денари, за финансирање на сите надлежности на општината и реализација на развојните програми и активности на секторите. Новите капитални инфраструктурни инвестиции се предвидени за […]

ДИЖС: Институтот за физикална терапија и рехабилитација во Капиштец да изработи елаборат за животна средина


Институтот за физикална терапија и рехабилитација во Капиштец работи без елаборат за животна средина, која е обврзана законски да го поседува, по што веднаш е задолжен да го изработи во најкус можен рок, а оџаците од котлите на мазут да се чистат редовно согласно правилникот во надлежност на Дирекцијата за заштита и спасување (ДИЖС), констатираше […]

Милевски: Училиштето „Христо Узунов“ во Охрид реновирано по педесет години


Во рамки на проектот „Изведба на енергетско ефикасни објекти и искористување на обновливи извори на енергија во јавните објекти“ направена е замена на столаријата во основното училиште „Христо Узунов“ во Охрид. Како што соопшти Министерството за локална самоуправа, со интервенцијата се обезбедени подобри услови за настава на 1127 ученици и на 80 вработени во училиштето […]

Ирански дипломат осуден на 20 години затвор во Белгија


Белгискиот суд во Антверпен го осуди иранскиот дипломат на дваесет години затворска казна поради терористичко планирање. Дипломатот познат само како Асадолах А. планирал да изврши терористички атентат во Франција во 2018, за време на собир на демонстранти, опозиционери на иранскиот режим. Три други лица се осудени на осумнаесет години затвор.

Дојава за бомба пред суд во Сараево


Општинскиот суд во Сараево утрово беше евакуиран поради дојава дека е поставена експлозивна направа, соопшти Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон. Министерството за внатрешни работи наведува дека биле информирани оти бомбата е поставена околу 9:00 часот. Повеќе информации ќе бидат познати по увидот кој е во тек, додаде кантоналното МВР.

Стадионот „Маракана“ под блокада


Полицијата  го блокирала црвено-белиот стадион во текот на ноќта и  блокадата продолжува. Тренинзите  на играчите се откажани, а полицијата спречува приближување кон Маракана. Засилени полициски сили се распоредени од раните утрински часови пред стадионот „Рајко Митиќ“, кој во моментов е под блокада. Полицајците со долги цевки го спречуваат пристапот кон Маракана. Возилата на единицата за […]

Туристичкиот сектор бара да продолжи финансиската поддршка


Лиценцираните туристички агенции и водичи се со крајно лимитирана деловна активност и се соочуваат со бројни предизвици и голема неизвесност. Туристичко-угостителската комора на Македонија апелира за континуитет на економските мерки кои дадоа резултати за да се спречи загуба на работните места, и истите да се овозможи да се дел од петтиот пакет мерки за економски […]

Битола на мапата за старт-ап центри: Ниту една идеја не е лоша идеја, обуките почнуваат од 1 март


„Ако имаш храброст и знаење за развој на иновативна идеја Битола старт-ап е твоето место“ – e пораката која поттикнува млади луѓе да се охрабрат своите идеи да ги претворат во успешни бизниси во Пелагонискиот регион. „Битола е веќе сериозно поставена на мапата на старт-ап центри, така што со овој повик очекуваме уште поголем број […]