Во Нигерија киднапирани најмалку 300 девојчиња


Најмалку 300 ученички денеска се киднапирани од страна на вооружена група во нигерискиот град Јангебе. Според еден од наставниците, вооружена група со автомбили и мопеди пристигнала до државното средно училиште за девојчиња Јангебе. Некои од киднаперите биле облечени во униформи на безбедносните сили. Портпаролот на гувернерот на нигериската држава Замфра, каде се случи киднапирањето го […]

ЦДЦ: Во теретаните и фитнес центрите да се носат маски и при вежбање


Истражувачи од Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ги советуваа фитнес центрите да спроведат низа превентивни мерки за спречување на ширење на епидемијата. Овие мерки вклучуваат носење маска за лице и повик до членовите и персоналот да останат дома доколку имаат симптоми или се позитивни на коронавирус. Отежнато дишење за време на интензивна […]

Прилепскиот основен суд првпат изрече доживотна казна затвор 


Прилепскиот основен суд изрече доживотна казна затвор за 52-годишниот Никола Петрески, кој во јануари лани уби двајца, а тешко рани едно лице во семејна трагедија која го потресе Прилеп. Според Жарко Велески, портпарол на Основниот суд во Прилеп, пресудата донесена вчера е за сторени четири кривични дела: едно за убиство, две за обид за убиство […]

Заев: Времето на неказнивост го оставаме во историјата


Правосудниот систем е независна власт и денеска гледаме дека ги има сите околности да спроведуваат истрага без влијание и да организира обвинителска и судска постапка во која важат само доказите и одредбите за фер и правично судење, за секој без исклучок, објави денеска премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил по пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“. […]

Просечната плата ќе продолжи да расте, до јуни ќе биде 30.000 денари, вели Битиќи


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи очекува во јуни годинава кога се заокружуваат 4 години од владењето на оваа Влада, просечната плата да стаса до 30.000 денари. Показателите за јануари и февруари, како што вели,  се оптимистички. Доколку епидемиолошката ситуација се влоши и има потреба од дополнителни мерки, најавува дека Владата е подготвена да делува […]

ЕК отвора истрага за рестрикциите за увоз на челик


Европската Комисија соопшти дека отвора истрага за да утврди дали мерките за ограничување на увозот на челик треба да се продолжат после јуни 2021, јавува дописничката на МИА од Брисел. Овие мерки беа воведени откако американската администрација на Доналд Трамп воведе слични ограничувања во САД, предизвикувајќи серија рестрикции за увоз во ЕУ. Мерките се во […]

Во тек e исплатата на поврат на данок на личен доход за земјоделците


Во тек е исплатата на повратот на данок на личен доход на земјоделците кои во текот на 2019 година оствариле доход од продажба на сопствени земјоделски производи. Управата за јавни приходи денеска соопшти дека на 14.451 земјоделци ќе им бидат исплатени  87.036.280 денари. – Исплатата се реализира кај земјоделците кои пријавиле валидни трансакциски сметки, а земјоделците […]

Потрошувачки и станбен кредит од Комерцијална банка со најниски каматни стапки на пазарот


Нов дом, нов лик на домот или остварување на други желби може да си обезбедат граѓаните оваа пролет со најновите кредити на Комерцијална банка, креирани за да ги задоволат нивните потреби така како што ним најмногу им одговара. Ненаменскиот потрошувачки кредит овозможува шопинг уживање и помало месечно оптоварување на семејниот буџет. Со најновите услови, кредитот […]

Бачовски: Исплатени 238,6 милиони денари субвенции за повеќе мерки во земјоделството


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) денеска исплати субвенции во висина од 238,6 милиони денари за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности, попознато како ПОМ, за органско производство, за производство на основен, производство на саден и за производство на сертифициран семенски материјал по програмата за финансиска поддршка во […]

„Македонски телеком“ за 2,3 проценти ги зголеми приходите од продажба во 2020


Приходите од продажба на Македонски Телеком во 2020 година се зголемени за 2,3 отсто и изнесуваат 11,085 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е благо намалена за 0,6 отсто, во споредба со претходната година, соопшти денеска компанијата. Оттаму велат дека оствариле позитивни резултати во 2020 година и покрај предизвиците на работењето […]

Мијалков оди во „Шутка“, Тони Јакимовски во куќен притвор


Кривичниот совет го прифати предлогот на обвинителката Ленче Ристоска и веднаш по изрекувањето на пресудите за случајот „Таргет-Тврдина“ му определи мерка ефективен притво на Сашо Мијалков. Судот ја задолжи полицијата за да ја спроведе мерката. Ристоска во својот предлог тврдеше дека постои опасност за бегство поради тоа што Мијалков бил многу богат, имал постојан престој […]

Во угостителски објект во Куманово затекнати 49 лица кои не ги почитувале мерките за Ковид-19


Во угостителски објект во центарот на Куманово биле затекнати 49 лица од кои шест малолетници, при што не биле почитувани мерките за заштита од Ковид-19, соопшти денеска СВР Куманово. Во СВР Куманово вчера, во 17.22 часот било пријавено дека во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ има група граѓани кои не ги почитуваат здравствените прописи […]

Нови 505 заразени во Хрватска


  Во изминатите 24 часа во Хрватска забележани се 505 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни случаи изнесува 3.046. Меѓу нив се 780 на болничко лекување, а 73 на респиратори. Починаа 14 лица. ДО денеска се забележани 242.097 заразени, а починаа вкупно 5.503. Оздрваеа 233.548, а вкупно се тестирани 1.332.840 […]

Малолетник со „бе-ем-ве“ го прегазил хирургот Ѓорѓи Јота


Малолетник синоќа прегазил познат хирург пред Клиничкиот центар во Скопје. Лекарот се здобил со тешки повреди. -На крстосница од бул.„Мајка Тереза“ и ул.„Елисие Поповски-Марко“, патничко возило „бе-ем-ве х6“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 16 – годишник од село  Сингелиќ, скопско, удрило во пешакот Ѓ.Ј.(58) од Скопје, информира МВР. Јота со тешки повреди бил хоспитализиран […]

Обвинителни предлози за девет лица за употреба на фалсификувани ПЦР тестови на скопскиот аеродром


Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителни предлози против вкупно девет лица, од кои шестмина македонски државјани, двајца швајцарски државјани и една државјанка на Република Босна и Херцеговина, кои во издвоени кривично-правни настани сториле кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.   Како што информираат од ОЈО, на граничниот премин […]

Оставила 25 милиони евра во добротворни цели


рофесорка по книжевност од Џенова, Италија, по име Мариса Кавана, оставила свој тестамент и 25 милиони евра за разни добротворни организации. Жената починала на 96-годишна возраст и во својот тестамент дава прецизни упатства како да се подели богатството што го остава зад себе. Таа оставила дури и некролог во кој се простува од пријателите и […]

Захарова: Апелираме на безусловно почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија


Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека Русија најостро го осудува американскиот воздушен напад во Сирија во близина на ирачката граница. – Најостро ги осудуваме таквите акции. Повикуваме на безусловно почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија, посочи Захарова. Таа повтори дека е неприфатлив секој одбид за претворање на […]

В понеделник во Албанија пристигнуваат 15.000 вакцини на „Фајзер“


В понеделник во Албанија приситигнува пратка со 15.000 вакцини од компанијата „Фајзер“, информираше Мира Ракацоли, претседателка на Комитетот на експерти за справување со пандемијата. Гостувајќи во емисија на телевизијата „Ора њуз“ таа додаде дека имунизацијата на целата популација во земјата предвидено е да заврши за 14 месеци. -Врз основа на договорот за 500.000 вакцини со […]

Во Србија се заоструваат епидемиолошките мерки, угостителите и трговските центри ќе работат до 14 часот


Кризниот штаб за сузбивање на епидемијата на коронавирус денеска одлучи да и препорача на Владата на Србија угостителските објекти и трговските центри низ целата земја за време на викендот да работат до 14 часот, јави дописникот на МИА од Белград. Продавниците, медицинските ординации, ветеринарните ординации и лабораториите ќе работат како и до сега. Фризерските салони […]

Ивент компаниите в понеделник на собир ќе побараат од Владата да изнајде начин и да им помогне


Под мотото „ПОМЕН – една година тишина!“, по повод точно една година од забраната за одржување на јавни настани, заради Ковид пандемијата, в понеделник точно на пладне во организација на Асоцијацијата на ивент индустријата – ИВАП ќе се одржи собир пред Владата на кој ивент компаниите ќе побараат од Владата да изнајде начин да им […]