Приведени четири лица во врска со случајот „Јавна соба“


Четири лица, две од Битола, едно од Велес и едно од Штип се проиведени денеска во врска со случајот„Јавна соба“, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски преку објава на својот фејсбук-профил.   – Се работи на откривање кој ја креирал ваквата група и кои сè биле членови. Секој еден кој се наоѓа во групата […]

Царовска во посета на Алкалоид за создавање квалификуван кадар


Министерката за образование и наука Мила Царовска, германскиот заменик амбасадор Ото Граф и претставници од банката за развој KFW, денес ја посетија компанијата „Алкалоид“, којашто има интерес да се вклучи од идната учебна година во дуалното образование со отворање на неколку паралелки во средно стручно училиште. На работниот состанок беше потенцирана важноста од создавањето на соодветни […]

Додека полицајци пребаруваа по станот на сојузничка на Навални, таа го свиреше Бетовен на пијано


Руските истражувачи кои пребаруваа во московскиот стан на сојузник на затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, доцна во средата добија необичен пречек – духовит рецитал за пијано од Бетовен од активистот, кој подоцна го уапсија. Полицијата е насочена кон сојузниците на Навални откако десетици илјади луѓе излегоа на улиците во саботата да побараат да биде […]

Светот сега е најтопол во последните 12.000 години


Планетата сега е потопла отколку што била најмалку 12.000 години, период што го опфаќа целиот развој на човечката цивилизација, според последното истражување. Анализата на температурите на површината на океаните покажува дека климатските промени управувани од човекот го ставаат светот на „непозната територија“, велат научниците. Планетата може да биде дури и на најтопла во последните 125.000 […]

Германија препорачува вакцината на АстраЗенека да се дава само на помлади од 65 години


Вакцината на АстраЗенека против Ковид-19 треба да се дава само на лица на возраст под 65 години, соопшти денеска германскиот комитет за вакцини во ажурираната препорака за вакцини, наведувајќи дека има недоволно податоци за препорака на употреба на оваа вакцина на постари возрасни групи. „Во моментов нема доволно податоци за да се процени ефикасноста на […]

Првпат во сезонава утре ќе работи новата шестоседна жичница „Лајтнер“ на Попова Шапка


Од утре првпат за оваа сезона ја пуштаме со работа новата шестоседна жичница „Лајтнер“ во Ски-центарот „Попова Шапка“, а користењето на шестоседот на првиот ден на пуштањето е бесплатно за панорамски разглед за посетителите на Попова Шапка, информираат од „ЕЛЕМ Турс“, кој стопанисува со зимскиот центар. – Станува збор за супермодерна жичница, единствена од ваков […]

Олеснување на патувањата кон и од шест земји вон ЕУ


Советот на ЕУ денеска прифати да ги олесни рестрикциите за патувања кон и од шест земји врз основа на епидемиолошката состојба. Станува збор за граѓаните на Австралија, Нов Зеланд, Руанда, Сингапур, Јужна Кореjа и Тајланд. Советот на ЕУ прифати дека за патувањата кон и од овие шест земји може да се олеснат рестрикциите на надворешните […]

Вучиќ: Србија договори набавка на 6,5 милиони вакцини, но не може сите да ги добие


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави денес дека е лут и нервозен секогаш кога размислува за вакцинирањето, бидејќи Србија досега договорила набавка од околу 6,5 милиони вакцини, кои не може да ги добие во таа количина, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ кажа дека некои богати земји зеле до шест пати повеќе вакцини отколку […]

Коалицијата Алијанса/Алтерантива ја напушти седницата за пратенички прашања


Со процедурални забелешки и изјаснување на пратениците дали се задоволни од писмените одговори на министрите помина претпладнениот дел од денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања. Пратениците од Алијанса/Алтернатива во знак на протест ја напуштија салата незадоволни што лидерот на Алијанса на Албанците е ставен како петти на списокот со пријавени пратеници за поставување прашање. […]

Филипче: Набавуваме најсофистицирана терапија за ковид-пациентите


Министерството за здравство информира дека вчера испратило писмо до Европската комисија за резервација на најсофистицираната моноклона комбинирана терапија на антитела за третман на пациенти заболени од Ковид-19, со „коктел“ од „casirivimab” и „imdevimab”. Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека кај нас е достапна целата терапија за третман на ковид пациенти, а дополнително ќе се […]

Мицкоски: Државата според индексот на корупција историски најлошо рангиранa


Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оцени дека рангирањето на 111-то место на државата според индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешнл за 2020 година, е историски најлошо. -Кога ги нареков мафија, многумина ми велеа зошто толку силни зборови употребувам. Според Транспарентност Интeрнационал по степенот на корупција на историски најлошото 111-то место. Пад од […]

Статистиката на финансиски системи на НБ ќе даде одговор на бројни прашања и можност за преземање навремени мерки


Каква е финансиската состојба на македонската економија, дали е должник или доверител, состојбата и промените на финансиските средства и обврски на одделните сектори, нивната структура по одделни финансиски инструменти, како и меѓусебната изложеност на одделните ектори, се дел од прашањата на кои ;ќе дадe одговор Статистиката на финансиски сметки на Народната банка, што првпат е […]

Македонската фудбалска репрезентација ги доби противниците во квалификациите за ЕП до 21 година


Македонската репрезентација до 21 година ги доби противниците во квалификациите за Европското фудбалско првенство 2023 кое ќе се игра во Романија и Грузија. Избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе играат во групата Х со Франција, Србија, Украина, Фарски Острови и Ерменија. Составот на другите групи е: Група А: Хрватска, Австрија, Норвешка, Финска, Азербејџан, Естонија. Група […]

Заев: Категорично побаравме од Телеграм да ја избрише групата „Јавна соба“


Испративме категорични барања до социјалната мрежа Телеграм да ја избрише групата „Јавна соба“ и нема да престанеме да инсистираме на тоа барање сѐ до негово конечно исполнување, наведе премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук-профил. Тој нагласи дека доколку апликацијата Телеграм не го затвори каналот „Јавна соба“, каде се споделува порнографска и приватна содржина од наши граѓани, […]

Јавниот долг на Хрватска се зголеми на 86,4 проценти од БДП


На крајот на септември 2020 година, јавниот долг на Хрватска изнесуваше 325,2 милијарди куни (46,58 милијарди евра), што е за 11,2 проценти повеќе отколку на крајот на 2019 година, покажуваат последните податоци на Хрватската народна банка (ХНБ). Растот на јавниот долг главно се должи на зголемената јавна потрошувачка како резултат на борбата против пандемијата на […]

На судењето за „организаторите на 27 април” сведочеа повеќе сведоци на одбраната


Спиро Ристовски во 2017 година немал никаква функција во ВМРО-ДПМНЕ, ова го потврдија повеќе сведоци на денешното рочиште за судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година. Сведокот Зоран Коњановски, како долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека Спиро Ристовски во 2017 година немал никаква функција во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи како што кажа […]

Приведени две лица во врска со случајот „Јавна соба“


Две лица, едно од Битола и едно од Велес, се проиведени во врска со случајот„Јавна соба“, потврдија од МВР за МИА. Како што информираа од Министерството, се превземаат мерки и активности и кон други лица во координација со Јавното обвинителство со цел расчистување на случајот и содветно санкционирање на сторителите. Приведувањето на двете лица преку […]

„Булгартрансгас“ стана сопственик на 20 отсто од капиталот на грчката гасна компанија „Гастрејд“


Бугарскиот оператор на системот за природен гас „Булгартрансгас“ денеска презеде над 20 отсто од акциите на грчката компанија „Гастрејд“, што го развива терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во грчкото пристаниште Александрополис, соопшти грчката компанија. На потпишувањето на договорот за преземање на уделот во капиталот на грчката компанија во главниот град Атина присуствуваа премиерите на […]

Се помали шансите до лето да има нормализација во авио-сообраќајот, авио-превозниците загрижени


Од ден на ден се повеќе се влошуваат шансите за закрепнување на европските авио-превозници погодени од кризата со коронавирусот, особено откако британскиот министер за вакцинирање Надим Захавио на граѓаните им предложи да не ги резервираат летните одмори, а Германија драстично ги ограничи патувањата. -Британците во никој случај не треба да прават резервации на своите годишни […]

Mагнат во бизнисот со минерална вода го симна основачот на „Алибаба“ од врвот на најбогати луѓе во Кина


Кинескиот магнат во бизнисот со минерална вода, Жонг Шаншан го симна основачот на „Алибаба“ – Џек Ма од врвот на најбогати луѓе во земјата. Според листата на списанието „Хурун“, неговото богатство се проценува на повеќе од 100 милијарди долари. Жонг Шаншан (66), сопственик на фирмата „Нонгфу спринг“, лани беше трети на тој список, потсети основачот […]