2020 ќе биде година на славни бебиња


САД– 2020 година – покрај тоа што е година на глобална пандемија, која ни го смени животот, исто така ќе биде година на славни бебиња.

Хоакин Феникс и Руни Мара

Хоакин Феникс кој годинава го освои Оскарот за најдобра машка улога за „Џокер” и неговата партнерка, популарната холивудска актерка Руни Мара, го очекуваат своето прво дете, пренесува магазинот Page Six.

Двојката, кој инаку е позната и по тоа што строго ја чува својата приватност, сè уште не ја потврдила информацијата.

Хоакин и Мара се во врска веќе три години. Се запознале на сет на снимањето на филмот „Her”, но нивната врска ја започнале подоцна, на снимањето на филмот „Mary Magdalene.”

Џиџи Хадид и Зејн Малик

Супермоделот Џиџи Хадид потврди дека е бремена и го очекува првото дете со момчето Зејн Малик, поранешниот член на групата „Уан дајрекшн“.

„Пресреќни сме, возбудени и благодарни за сите честитки и поддршка“, кажа таа во видеоклип за „Вечерното шоу“ на Џими Фелон, откако претходно холивудските медиуми шпекулираа дека е бремена.

Нејзината мајка Јоланда Хадид за холандски медиум кажа дека Џиџи треба да се породи во септември.

Дваесет и петгодишната Хадид и Малик (27) веќе неколку години се во врска, раскинуваат и се смируваат. Таа е една од најбараните манекенки, а Малик откако ја напушти групата, почна соло кариера.

Клое Севињи и Синиша Мацковиќ

Актерката Клои Севињи и Синиша Мацковиќ го пречекаа своето прво дете, Вања Севињи Машковиќ, кон средината на мај.

Елон Маск и Гримс

Милијардерот и иноватор Елон Маск и американската пејачка Гримс станаа родители на момче, а среќниот татко ги сподели вестите преку социјалните медиуми.

„Мама и бебето се добри“, напиша Елон на Твитер, а подоцна го откри полот на бебето.

Покрај тоа, тој сподели уште една фотографија од детето со филтри за мобилни апликации на лицето и уште повеќе изненади кога напиша дека ќе му го даде на детето името X Æ A-12 Musk.

Гримс со Елон Маск се заедно од мај 2018 година.Елон веќе има пет сина од првиот брак со Џастин Вилсон, со кого се разведе во 2008 година.

Орландо Блум и Кети Пери

Поп-ѕвездата Кети Пери и актерот од блокбастери Орландо Блум моментално го очекуваат своето прво заеднички дете, а прекраната американка блеска во бременоста.

Кети изгледа прекрасно и секогаш насмеано, а една од работите кои успеаа да и ја измамат насмевката беше последната „средба“ со бебето. Всушност, пејачката објави кратка снимка од својот ултразвук на кој откри како бебето во еден момент покажува – среден прст!

-Кога уште неродената ќерка ќе ти покаже среден прст, знаеш што те очекува“, напиша идната мајка.

Џoe Џонас и Софи Тарнер

На почетокот на февруари годинава, имаше вест дека Софи Тарнер, која е позната по нејзината улога во серијата „Игра на тронови“ и пејачот Џо Џонас го очекуваат првото дете. Двојката сè уште официјално не ја потврди информацијата.

Моментално се во карантин заедно, а минатата недела двајцата беа забележани на една од нивните редовни прошетки низ соседството.