Богота првпат ќе има градоначалничка


Во главниот град на Колумбија, Богота на вчерашните избори првпат е избрана жена на должноста градоначалник. Клаудија Лопез (49), кандидатка на Зелените и Демократскиот сојуз (левицата), која се декларира како лезбејка и која е симбол на борбата против корупцијата, освои 35,24 отсто од гласовите, додека нејзиниот политички ривал Карлос Фернанд Галан освои 32, 49 проценти …

Богота првпат ќе има градоначалничка Read More »

Не му верувале дека не пиел, а телото му произведува пиво


Кога полицијата во Северна Каролина сопрела еден возач и се посомневала дека е пијан, тој одбил да направи алкотест, тврдејќи дека не пиел. Сепак, резултатите на крвта покажале друго. И понатаму никој не му верувал дека не пиел. Се додека истражувачите не се заинтересирале за неговиот случај и откриле дека квасецот, односно габите во неговиот …

Не му верувале дека не пиел, а телото му произведува пиво Read More »

Коцијанчич: Косово да ги укине таксите, а Србија да обезбеди клима за дијалог


Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич изјави дека по формирањето на новата влада на Косово треба да бидат укинати стоотстотните такси на увозот на стока од Србија, додека за Белград задачата е да обезбеди поволна клима за разговори со Приштина. За косовскиот портал ИндексОнлајн Коцијанчич рече дека Европската унија од сите политички актери очекува да …

Коцијанчич: Косово да ги укине таксите, а Србија да обезбеди клима за дијалог Read More »

Ахмети-Незири: Какви луѓе се осомничените, дали убиените имаат роднини во полиција


На 4 ноември продолжува судењето за убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година, со читање на СМС комуникација и разговори од „бомбите“, докази предложени од Обвинителството. На денешното рочиште за „Монструм“ во еден од аудио разговорите што беа пуштени, …

Ахмети-Незири: Какви луѓе се осомничените, дали убиените имаат роднини во полиција Read More »

Каталонци чекаат во редови пред судовите за да признаат вина за референдумот


Стотици лица стојат во редови пред судовите во Каталонија за доброволно да признаат „вина“ за организирање и учествување во референдумот за независност во 2017 година, што е дел од новата протестна кампања со која заговорниците на независноста настојуваат да предизвикаат колапс на судовите во таа шпанска покраина. Граѓанската организација Омниум Културал, чиј лидер Хорди Квиксарт …

Каталонци чекаат во редови пред судовите за да признаат вина за референдумот Read More »

Спасовски: Некоординираност на институциите при справување со криминалот е проблем во државата


За да се сузбијат појавите на криминал и корупција во државата мора сите институции да го дадат својот максимум. Проблемот при сузбивање на криминалитетот на државата е во тоа што не може лица приведени како осомничени извршители на кривични дела, откако ќе бидат изведени пред суд потоа воопшто да нема напредок, истакна денеска во Вевчани …

Спасовски: Некоординираност на институциите при справување со криминалот е проблем во државата Read More »

Времен сообраќаен режим на улица „Бихаќска“


Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре поради завршно асфалтирање на ул. „Бихаќска“, сообраќајот ќе биде затворен во двете насоки на еден дел од улицата „Бихаќска’, и тоа на потегот од ул. „Востаничка“ до влезната капија на МВР. Асфалтирањето ќе трае 24 часа, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улици. Град Скопје апелира до …

Времен сообраќаен режим на улица „Бихаќска“ Read More »

Европски филм за млада публика во пет градови, денеска во Неготино 


Здружението на филмски продуценти на Македонија МЗФП Скопје,  до 15 ноември го организира проектот „Европски филм за млада публика“, во рамки на кој ќе бидат прикажани три европски филмови во пет градови во земјава. Денешната проекција е во Неготино, а се продолжува во Струмица, Кавадарци, Гевгелија. – Во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино ќе биде …

Европски филм за млада публика во пет градови, денеска во Неготино  Read More »

Сугарески: Годината ќе ја завршиме со над 500 километри обновени патишта


 Градежните активности за унапредување на патната мрежа во државата насекаде се одвиваат со силно темпо, оцени министерот за транспорт и врски Горан Сугарески по увидот во работите на делницата од магистралниот пат Гостивар – Кичево. Според него, годинава ќе заврши со над 500 километри обновени патишта. – По увидот во работите на патниот правец Здуње …

Сугарески: Годината ќе ја завршиме со над 500 километри обновени патишта Read More »

Џордан покрај себе го вклучи и Пипен во најдобрите пет на сите времиња


САД – Легендарниот американски кошаркар Мајкл Џордан ги објави имињата на според него најдобрите пет играчи во историјата на овој спорт. Џордан покрај тоа што се вброи себе си меѓу најдобрите го вклучи и некогашниот соиграч од шампионската генерација на Чикаго булс, Скоти Пипен. Другите тројца се Меџик Џонсон, Хаким Олајџувон и Џејмс Ворти. – Ова …

Џордан покрај себе го вклучи и Пипен во најдобрите пет на сите времиња Read More »

Богдановиќ: Општина Центар од блокирана, сега не должи ништо


Кога дојдовме како раководство во Општината, наследивме обврски од околу 4,5 милиони евра. Преземајќи одредени чекори успеавме да постигнеме завидни резултати со кои ја вративме економската и финансиската стабилност на Општината. Денеска Општина Центар воопшто не должи средства. Од Општина која минатата година се соочуваше со судски пресуди, блокади, денеска е Општина која воопшто не …

Богдановиќ: Општина Центар од блокирана, сега не должи ништо Read More »

Заврши снимањето на 25. филм за 007: Даниел Крег последен пат како Џејмс Бонд


Италија – Заврши снимањето на 25. филм за Џејмс Бонд – „Нема време за умирање“. Официјалниот твитер-профил на 007 сподели слика на ѕвездата Даниел Крег со режисерот Кери Фукунага на сет, со наслов: „Заврши снимањето на #NoTimeToDie. Се гледаме во кината во април 2020 година.“ Крег може да се види како носи огромно зимско палто …

Заврши снимањето на 25. филм за 007: Даниел Крег последен пат како Џејмс Бонд Read More »

Поранешната сопруга на Ал-Багдади: „Се омажив за нормален човек, предавач на универзитет“


Лидерот на Исламска држава Абу Бакир ал-Багдади беше убиен во текот на викендот, а покрај него усмртени се и две жени кои носеле елеци со експлозив, кој не се активирал, како и три деца. Овој терорист САД долго го бараше, а американскиот претседател Доналд Трамп рече дека воената операција во која е убиен водачот на …

Поранешната сопруга на Ал-Багдади: „Се омажив за нормален човек, предавач на универзитет“ Read More »

Ќе се менува моделот за субвенции во туризмот


Ќе се менува моделот за субвенциии во туризмот и според првичните предлози тие ќе се доделуваат и кога не е сезона, а ист износ без оглед на дестинацијата од каде доаѓа туристот. На крајот на годината истекува постојниот модел на субвенционирање и тој, според носителите на дејноста, ги дал своите ефекти. Поради тоа, како што …

Ќе се менува моделот за субвенции во туризмот Read More »

Концерт на германскиот виолончелист Николас Алштед во Филхармонија


В четврток во Филхармонија ќе настапи германскиот виолончелист Николас Алштед, еден од најбараните инструменталисти на светската музичка сцена. На програмата е Концертот за виолончело и оркестар од Мјачеслав Вајнберг и „Чудесниот Мандарин“ од Барток, едно од највпечатливите дела во светската историја на музиката. Со оркестарот ќе диригира Ален Бурибајев од Казахстан. Германскиот виолончелист Николас Алштед …

Концерт на германскиот виолончелист Николас Алштед во Филхармонија Read More »

Независен и непристрасен статистички систем за подобро креирање на јавните политики


  Независен и непристрасен статистички систем е многу значаен за секое општество за да може да се креираат подобро јавните политики и да се носат одлуки. Статистиката треба да се управува без влијание од политиката бидејќи само на тој начин општеството може да биде подобро, порача евроамбасадорот Самуел Жбогар на денешниот настан организиран во Народната …

Независен и непристрасен статистички систем за подобро креирање на јавните политики Read More »

Димковски: Земјоделците да не ги палат нивите и стрништата


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски апелира земјоделците да не ги палат нивите и стрништата. Со нивното палење, како што вели, не само што предизвикуваат еколошка штета и опасност од непосакувано проширување на пожарот, туку ги уништуваат и органските материи кои се битни за подготовките на почвата и додатоците кои се потребни за …

Димковски: Земјоделците да не ги палат нивите и стрништата Read More »

За безбедносен сертификат за државна тајна нема двојно државјанство


За безбедносен сертификат со степен државна тајна лицето да нема двојно државјанство, додека  за безбедносен сертификат со степен строго доверливо да не е државјанин на држава која не е членка на НАТО. Ова е усогласениот амандман помеѓу пратениците од опозицијата и позицијата, што беше прифатен по подолга дискусија на денешната седница на собраниската Комисија за …

За безбедносен сертификат за државна тајна нема двојно државјанство Read More »

Верушевски бара 71 илјади евра отштета од државата за поминатиот притвор за „Пуч“


Поранешниот разузнавач и советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, Зоран Верушевски во тужба пред Основниот граѓански суд Скопје бара оштета од државата во висина од четири милиони и 104 илјади денари, односно околу 71 илјада евра, за поминатите 344 дена во притвор за предметот „Пуч“ и за неовластено поседување на оружје. Случајот „Пуч“ беше …

Верушевски бара 71 илјади евра отштета од државата за поминатиот притвор за „Пуч“ Read More »

Прв мастерклас на УНКТАД во Скопје: Ги охрабруваме жените да целат повисоко


-Потребна е поголема вклученост на жените во носењето клучни политики, решителност да го рашират својот глас, искористување на потенцијалот на технологиите за нивна поголема инклузија и креирање на локални, регионални и глобални мрежи на жени претприемачи, се поентите од првиот Мастерклас „е-Трговија за жени“ организиран од УНКТАД (Конференција за трговија и развој на Обединетите нации) …

Прв мастерклас на УНКТАД во Скопје: Ги охрабруваме жените да целат повисоко Read More »