Собранието го усвои и четвртиот Нацрт-амандман, следи јавна расправа


Собранието на Република Македонија попладнево го утврди и четвртиот Нацрт-амандман на Уставот предвиден со уставните измени согласно Договорот од Преспа. За Нацрт-амандманот, што се однесува на грижата на државата за иселениците, беше прифатен со 66 „за“ и седум „против“, а тројца пратеници беа воздржани. Собранието усвои и неколку заклучоци согласно кои ќе следи јавна расправа […]

(ВИДЕО) Русите не оставаат ништо на случајност, викнаа поп да ги освети ракетите „С-400“ на Крим


Свештеник на Руската православна црква го освети новиот ПВО-систем „С-400“, кој беше поставен во близина на градот Џанкој на Крим. Најновиот ракетен систем „земја-воздух“ од среден и долг дострел беше поставен во четвртокот само 19 километри од границата со Украина и е четврти „С-400“ на Крим.

Харадинај на средбата со Хан: Се надевавме на добри вести за визната либерализација


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај го пречека попладнево еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, кој престојува во Приштина на средба со државниот врв, со зборовите „се надевавме дека доаѓате со добри вести за визната либерализација за Косово во пресрет на Божик“. Харадинај, на влегување со гостинот од Брисел во неговиот кабинет во Владата на Косово, рече дека, […]

Катругалос ќе се сретне со Димитров на маргините на министерскиот состанок на НАТО во Брисел


Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров на маргините на министерскиот состанок на НАТО во Брисел, соопшти Катругалос на денешниот брифинг со новинарите во грчкото МНР. И покрај последните случувања во Грција и мобилизацијата на учениците поради Договорот од Преспа, алтернативниот шеф на […]

Откажана посетата на Јункер на Париз поради „Жолтите елеци“


Утрешната посета на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер во францускиот парламент е откажана поради кризата со „Жолтите елеци“. Претседателот на францускиот парламент, Ришард Феран, потврди денеска дека посетата на Јункер ќе биде одложена. Јункер требаше да се обрати пред француските пратеници од Долниот дом и да одговара на нивните прашања. -Оваа одлука, донесена […]

Едно лице загина во бизарна несреќа во Гостивар


Гостиварец починал од повреди на главата кога од камион со кој се разминувал паднале метални шипки врз неговото возило. Според СВР Тетово, несреќата се случила околу 13 часот на улицата „Илинденска“, во близина на поранешен „Жито Шар“ во Гостивар. Од товарно возило „мерцедес“ со гостиварски регистерски ознаки, што го управувал Б.С. (58) при разминување со […]

Убиен Албанец-командант во терористичката ИД


Во судири со сириските демократски сили (СДС) во близина на градот Хаџин, во источниот дел на Сирија убиен е Албанец, командант во структурите на терористичката „Исламска држава“. Според албанските медиуми станува збор за Албанец познат под името Абу Усама Ал-Албани, еден од главните команданти во ИД. Се смета дека командантот на ИД е странец од […]

ЗНМ: Медиумските реформи да се вратат во Планот 18


Здружението на новинари на Македонија бара од Владата да ги врати медиумските реформи во Планот 18 и сериозно да се посвети на ветувањата дадени на новинарската заедница и на Советот на Европа за корекција на Изборниот законик, кој летоска беше изменет и дополнет без дебата и нетранспарентно. -Здружението на новинари на Македонија протестира што Владата ги […]

Познати полуфиналните двојки во Лигата на нациите


Европскиот шампион Португалија, кој ќе биде домаќин на натпреварите од финалната четворка во Лига „А“ на новиот турнир на УЕФА, ќе игра со тимот на Швајцарија за место во финалето на Лигата на нациите. Во другиот дуел, полуфиналистот од Мундијалот 2018, Англија ќе се сретне со тимот на Холандија. Првиот полуфинален натпревар е на 5 […]

Синдикатот на УПОЗ се закани со штрајк, бара оставка од Караџосски


Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судски службеници упати последен апел за сериозно решавање на нивните барања и најавија дека доколку во наредните денови не се најде решение ќе организираат штрајк. Датумот на организирање на штрајкот, како што рече претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Груевски на прес-конференција, дополнително ќе биде одреден доколку не се […]

Четвртиот нацрт-амандман пред пратениците


Македонското Собрание на продолжението на 64. седница ја започна дебатата за XXXVI нацрт-амандман, последниот предвиден со уставните измени, согласно Договорот од Преспа, а се однесува на иселениците. Со него „Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината, a притоа нема да се меша […]

Одбележан Меѓународниот ден за лица со попреченост


Зајакнување на капацитетите и можностите на лицата со попреченост и обезбедување нивна инклузивност и еднаквост во општеството, беа дел од темите на кои се разговараше на денешното одбележување на Меѓународниот ден на лица со попречености на Филолошкиот факултет во Скопје во организација на Институтот за дефектологија. Заменик министерот за образование и наука, Петар Атанасов изјави […]

Филипче ќе дели специјални маски за заштита од загадување


Разгледуваме алтернатива и собираме податоци за тоа која ризична група граѓани може дополнително да се заштити од аерозагадувањето со специјални маски и кога ќе ја имаме таа бројка ќе видиме на кој начин ќе може да ги набавиме и да им ги поделиме, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за […]

Parliament adopts third draft amendment of the Constitution


The Parliament adopted Monday the XXXVth draft-constitutional amendment by 64 votes ‘yes’, 14 ‘no’ and two ‘abstained’.The amendment will read “The Republic respects the sovereignty, territorial integrity and political independence of neighboring countries”. Opposition MPs said the authorities have no mandate for the constitutional revision, which is not adopted by consensus, with only Greece benefiting from […]

Рочиштето за „Титаник 2“ продолжува на 18 декември


Со изведување на материјалните докази на одбраната во Кривичниот суд во Скопје заврши денешното рочиште за предметот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство што се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година. Следното рочиште е закажано за 18 декември, во 10 часот, кога свои искази треба да дадат сведокот на одбраната Љупка […]

Омбудсман: Градинките не ги нудат потребните услови за прием и оптимален развој на секое дете


Предучилишното образование не ги нуди потребните услови и можности за прием и оптимален развој на секое дете. Во отсуство на механизми за системско идентификување, евидентирање и следење на децата со попреченост од најрана возраст, во голема мера се намалуваат можностите за рана стимулација, што го отежнува престојот на децата со попреченост во градинките, кој се […]

(ВИДЕО) Десетина француски полицајци брутално претепаа демонстрант


Франција деновиве се соочува со немири низ целата земја. Протестите на „жолтите елеци“ поради зголемување на данокот на горивата прераснаа во насилни во кои на многу места низ земјата имаше нарушување на јавниот ред и мир. Полицијата и демонстрантите се судрија, па полицијата употреби солзавец и водени топови. На социјалните мрежи беше објавена видеоснимка од […]

Младеновски добивал инструкции од Нинџа за „27 април“


Во Кривичниот суд денешното рочиште за случувањата на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија, продолжи со исказот, во негова одбрана, на обвинетиот Стефан Младеновски, кој, според исказот, добивал наредби од обвинетиот Александар Василевски- Нинџа. Објасни дека кога на чело на Управата за безбедност и контраразознавање бил назначен Владимир Атанасовски, за тоа дознал […]

Столтенберг: Белград и Приштина да се воздржат од провокации


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ги повика Белград и Приштина да се воздржат од провокативни акции и реторика, со цел да се намалат тензиите и да се обезбеди напредок. Столтенберг нагласи дека НАТО го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина, како единствен начин да се решат отворените прашања. Тој истакна дека НАТО ќе […]

Филипче: Ќе се зајакне начинот на закажување прегледи преку „МојТермин“


Значително ќе се зајакне начинот на кој се обезбедуваат термините за преглед во рамки на системот „МојТермин“, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање. Појасни дека секоја недела имаат координативни состаноци со директорите на клиниките посебно таму каде е најголем притисокот за термини, а тоа се Клиниката за радиологија и некои […]