Сестрата на Роналдо: Ќе платите за неговите солзи


Сестрата на Кристијано Роналдо, Катја Авеиро преку социјалните мрежи остро реагираше на исклучувањето на нејзиниот брат синоќа на дуелот со Валенсија. Роналдо на првиот меч за Јувентус во Лигата на шампионите во 29. минута доби црвен картон поради неспортско однесување. Одлуката на германскиот судија Брих предизвика многу реакции, а помладата од двете сестри на Роналдо […]

Турција претстави хибридна локомотива од сопствено производство


Турција – На Меѓународниот саем за транспортна технологија (ИноТранс) во Берлин, Турција претстави хибридна локомотива од сопствено производство. Локомотивата е заеднички проект на турската компанија за производство на локомотиви и мотори „Туломсаш“, турската државна железница ТЦДД и водечката фирма во секторот на одбранбената индустрија во Турција, „Аселсан“. Како што јави агенцијата Анадолија, со овој проект, Турија […]

Дуа Липа сепак не доаѓа во Македонија за референдумот


Британската поп-ѕвезда со потекло од Косово Дуа Липа сепак не доаѓа во Македонија за поддршка на референдумот. Нејзиното име проструи низ етерот како висока гостинка од светскиот шоубизнис, по примерот на гостите од високата дипломатија од Европа и светот. Скопје стана главен град на дипломатијата по посетата на германската канцеларка Меркел, потпретседателот на САД, Мајк […]

Пимен „Јуда“ – Агатангел „Буда“


Бричење на суво на македонскиот Јуда. Салва од вакви и слични закани, клетви и навреди беа упатени кон владиката Пимен само затоа што се дрзна да се вклучи во кампањата „Излези за европска Македонија“. Неговите пораки во видеообраќање: „во овие историски моменти за земјата потребно е секој секому да подаде рака, да се надминат кавгите […]

Горбок успешно опериран во Загреб


Левиот бек на Вардар, Сергеј Горбок имаше операција на коленото во Загреб кој мина во најдобар ред, соопштија „црвено-црните“ на клупскиот сајт. На почетокот на месецов Горбок на тренинг го повреди коленото, а потоа беше утврдено дека се работи за предните вкрстени лигаменти. Горбок од Загреб треба да се врати во Скопје, каде во следните […]

Викендов во Минхен почнува популарниот Октоберфест


Германија– Нови безбедносни огради, дополнителни видео-камери, повеќе полицајци – се само дел од безбедносните мерки за минхенскиот Октоберфест на пивото, што годинава почнува на 22 септември и ќе трае до 7 октомври, јави ДПА. За време на фестивалот во Минхен ќе бидат забранети дронови, како и носењето големи чанти и ранци од посетителите. Околу 600 полицајци […]

Стејт департмент: Македонија соработува во антитерористичките напори


Македонија соработува со Соединетите Американски Држави во антитерористичките напори и е членка на Глобалната коалиција за пораз на Исламаска држава, стои во денеска објавениот извештај на Стејт департментот за тероризмот и насилниот екстремизам. Македонските власти проценуваат дека припадници и симпатизери на ИСИС се присутни во државата. МВР и разузнавачките агенции проценуваат дека најмалку 150 македонски […]

Лидерите на ЕУ не постигнаа напредок во разговорите за миграција во Салцбург


Австрија-Лидерите на Европската унија не успеаја да постигнат значаен напредок во надминување на разликите околу прашањата за миграцијата за време на синоќешните разговори во австрискиот град Салцбург. Единствено за што се договорија е дека Унијата треба тесно да соработува со Египет по ова прашање, соопштија рано утринава учесници на самитот. Исто така била изразена поддршка […]

Washington Post: Ndryshimi i kufijve është ide e tmerrshme


Liderët e Kosovës dhe të Serbisë, janë duke planifikuar shkëmbim territoresh. Ata thonë se kjo do t’i lehtësojë tensionet etnike dhe do të kontribuojë në stabilitetin e Ballkanit Perëndimor. Disa analistë dhe politikanë mendojnë se kjo është ide e shkëlqyeshme. “Por nuk do të jetë”, ka thënë në një qëndrim të saj, kolumnistja e Washington […]

Странски хакери пак ја напаѓаат приватната електронска пошта на американските сенатори


САД – Владини хакери од странски земји продолжуваат да ја напаѓаат приватната електронска пошта на американски сенатори и нивните помошници, а сенатската служба за безбедност одбила да им обезбеди кибер заштита, истакна синоќа сенаторот демократ Рон Вајден. Во писмо до лидерите на Сенатот, тој предупреди дека објекти на такви кибер напади се електронските пошти на неодреден […]

Во Кривичен денеска рочишта за четири предмети на СЈО


Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржат рочишта за четири предмети на Специјалното јавно обвинителство – Тортура“, „Тенк“ издоена постапка за Гордана Јанкулоска, „Титаник“ и „Титаник 3“. На „Тортура“ треба да се слушаат 35 дополнителни аудио снимки, на кои по барање на обвинителката Лиле Стефановска, јавноста ќе биде исклучена поради можна повреда […]

Почнува МОТ, 18 претстави до 28 септември


Осумнаесет претстави од денеска до 28 септември ќе понуди програмата на 43. Меѓународен театарски фестивал „Млад отворен театар“. Ќе настапат повеќе од 200 артисти  на осум сцени во главниот град. – Жанровски, естетски и програмски МОТ е можеби најразличен досега како целина. Девет фестивалски вечери со претстави од многу европски земји, во придружните програми и од […]

Zaev në takim me nënpresidentin e SHBA-ve, Majk Pens


Kryeministri Zoran Zaev sot në Uashington do të ketë takim me nënpresidentin e SHBA-së, Majk Pens. “Takimi do të realizohet me ftesë të nënpresidentit Pens, ndërsa në të do të bisedohet për përparimin e Republikës së Maqedonisë drejt anëtarësimit në NATO”, kumtoi shërbimi qeveritar për shtyp. Vizita e Zaevit në Uashington dhe takimi me nënpresidentin […]

Одбележување на Светскиот ден за подигање на свеста за растот кај децата


Светскиот ден за подигнување на свеста за растот на децата – 20 Септември, годинава ќе се одбележи под мотото „Децата имаат само кратко време да пораснат, да им помогнеме да растат здраво, затоа што висината е еднаква на здравјетo“. – Во Македонија во моментов има околу 100 деца со нарушувања на растот кои се лекуваат со хормон за раст. Овој […]

Шефот на германската дипломатија во посета на Грција


Грција – Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас денеска со посета на Грција, ја завршува турнејата низ земјите од балканскиот  регион. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мас во грчкиот главен град ќе биде примен од претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, а потоа ќе се сретне со неговиот грчки колега Никос Коѕијас, по […]

Словенците се повеќе возат луксузни автомобили со словачки таблици


Словенија – На словенечките патишта се повеќе се возат луксузни автомобили со словачки регистарски таблички, пишува порталот „Фајненс“ при тоа прашувајќи како дошло до тоа кога Словачка има речиси за третина помал БДП по жител од Словенија. Побогатите Словенци пронашле начин да го заобиколат данокот на моторни возила и спортските автомобили да ги донесат во земјата […]

Прв црвен картон за Роналдо во Лигата на шампионите


Шпанија– Кристијано Роналдо имаше неславно деби за Јувентус во Лигата на шампионите. Португалецот синоќешниот дуел со Валенсија на гостински терен го заврши по само 29 минути, откако судијата Брих од Германија му покажа црвен картон. Исклучувањето за Роналдо е прво во неговата кариера во настапите од Лигата на шампионите и доаѓа по наводно удирање на противничкиот […]

Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лаин во Македонија


Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лаин денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија. Пред Министерството за одбрана ќе биде организирана официјалната церемонија за пречек на Фон дер Лаин, по што следуваат тет-а-тет средба со министерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска, разговори на двете делегации и изјавите за медиумите. Министерките […]

Францускиот дипломат Ле Роа во Скопје


Францускиот амбасадор и поранешен специјален пратеник на ЕУ во земјата во 2001 – 2002 година, кој важи за пријател на Македонија, Ален Ле Роа од денеска до 22 септември ќе престојува во посета на Република Македонија. Како што соопштија од француската Амбасада, во неговата агенда се вклучени серија средби со политички претставници од мнозинството и од опозицијата, […]

Заев во Вашингтон на средба со потпретседалот на САД, Мајк Пенс


Скопје, 20 септември 2018 (МИА) – Премиерот Зоран Заев денеска во Вашингтон ќе има средба со потпретседателот на САД, Мајк Пенс. – Средбата ќе се реализира на покана на потпретседателот Пенс, а на неа ќе се разговара за напредокот на Република Македонија кон членството во НАТО, соопшти владината прес-служба. Посетата на Заев на Вашингтон и средбата со […]