Анастасијадис не успеа да победи во првиот круг на изборите во Кипар
Кипарскиот претседател Никос Анастасијадис освоил меѓу 38 и 42 проценти од гласовите на денешниот прв круг гласање на претседателските избори, јави новинската агенција ДПА повикувајќи се на кипарската државна телевизија.
Доколку резултатите се потврдат, Анастасијадис ќе мора да оди на втор изборен круг, каде ќе се соочи со комунистичкиот кандидат Ставрос Маљас. Николас Пападопулос, син на поранешниот претседател Тасос Пападопулос, се пласирал на третото место