Коронавирус: Мексико собра 2 милиони долари од вилата на нарко-босот Фуентес


Мексико-Мексиканската влада ја стави на аукција вилата на починатиот нарко-бос Амадо Карило Фуентес. Домот во Мексико Сити е продаден за повеќе од 2 милиони долари, а средствата ќе одат во јавната здравствена служба на Мексико и нејзината борба против коронавирусот.

Фуентес, кој беше познат како „Господар на небото“, почина во 1997 година по пластична операција на лицето. Тој неколкупати го менуваше изгледот за да и избега на полицијата.

Го доби прекарот за криумчарење голема количина на дрога во неговата приватна флота на авиони.

Амадо Карило Фуентес беше еден од најмоќните мексикански нарко-босови, во 1980-тите и 1990-тите. Роден во северната држава Синалоа, тој беше внук на еден од основачите на картелот Гвадалахара, на кој наскоро и се придружи.

Карило Фуентес научи да пилотира  и подоцна ќе го искористи своето знаење за авионите  за да го прошири бизнисот за шверц на дрога на небото, заработувајќи му го прекарот.

Тој започнал со шверц на марихуана, но подоцна се префрлил на шверц главно со кокаин од Колумбија преку Мексико и кон САД во неговата флота на авиони.

Тој ја презеде контролата врз картелот на Хуарез, откако го уби својот шеф Рафаел Агилар Гуајардо и беше познат по неговата немилосрдност.

Тој се држеше далеку од очите на јавноста и ретко беше фотографиран.

Властите објавија фотографии од неговото тело за докажат дека е мртов.

Хирурзите кои ја извршија неуспешната операција беа убиени неколку месеци подоцна. Нивните тела, на кои имало знаци на тортура, биле покриени во бетон.

Братот на Амадо Карило Фуентес, Висенте, наводно го презел раководството на картелот на Хуарез по смртта на Амадо.

Висенте Фуентес беше уапсен во октомври 2014 година и чека казна во затвор во Мексико.

Куќата од 38 000 квадратни метри и може да се пофали базен, џакузи, бар и винарска визба, како и широки градини.