„2 CELLOS“ со концерт наесен во Скопје


Хрватското дуо „2 CELLOS“ оваа есен доаѓа во Скопје.Во рамки на последната светска турнеја, насловена како и нивниот последен албум “Score”, популарното дуо ќе настапи во Скопје на 6 октомври годинава, во ВИП Арена, соопшти организаторот „Авалон продукција“.

„2 CELLOS“ за прв пат доаѓаат во Македонија со големо продукциско арена шоу, какво што во изминативе неколку години го имаат во сите големи арени низ целиот свет.

Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер во изминативе неколку години со своето музицирање успеаа нешто што е навистина реткост во музичкиот бизнис- да се успешни и нивните концерти да се распродадени на сите континенти, и тоа во сите големи светски сали, што до нивното појавување беше незамисливо за една кросовер музичка атракција.

Сите детали околу влезниците за овој музички настан, ќе бидат познати утре.