19 се тешко повредени, на двајца им се влошува состојбата. Полска објави нови детали за автобусот


 

Хрватска- Вчера на автопатот А4 во правец кон Загреб се случи тешка автобуска несреќа. Најмалку 12 лица загинаа, а најмалку 19 се тешко повредени.

Несреќата се случила околу 5 часот и 40 минути на 62-от километар од автопатот А4 во правец кон Загреб меѓу Јарек Бишашки и Подворец. Автобус со полски регистерски таблички кој тргнал од полскиот град Честохова на аџилак во Меѓугорје излетал од патот.

Според досега собраните податоци, сообраќајната несреќа се случила кога возачот на автобусот регистриран во Полска изгубил контрола над воланот на возилото, кое свртело надесно, ја пробило заштитната ограда и слетало надвор од автопатот.

Портпаролот на полското Министерство за надворешни работи, Лукаш Јасина за ТВН24 откри дека по трагичната несреќа на полскиот автобус, во Хрватска се уште има луѓе чии животи се во опасност. Портпаролот уверува дека хрватските власти ќе ја информираат полската страна за заклучоците од истражната постапка.

Четирите лица кои се вратија во Полска се во многу полесна состојба од оние кои останаа во Хрватска“, рече Јасина. „Тие се повредени, но нивните животи не се во опасност. Ќе видиме како ќе изгледа ситуацијата со другите повредени“, додаде тој.

Директорот на Општата болница во Вараждин, Дамир Пољак, рече дека  четворица пациенти се на одделот за интензивна нега, од кои двајца се во критична состојба, а еден пациент од одделението за интензивна нега е префрлен на траума оддел. (индекс.хр)