180 милиони причини: Адел ќе го дели богатството со сопругот


Англија– Најбогатата поп-ѕвезда под 30 години Адел ќе го дели богатството од 180 милиони долари и бројни недвижнини со ексопругот Сајмон Конецки (45) .

Адел, која најави дека по три години се разведува од бизнисменот со кого има син Анџело (6) , најверојатно пред бракот не потпишала брачен договор. Ако се разведуваат во Калифорнија каде сопругот води бизнис, богатството ќе го делат пола-на пола.

Богатството на една од најбогатите жени во музичката индустрија, според „Форбс“ изнесува 180 милиони долари. Нејзиниот албум „25“ објавен во 2015 година продаде 22 милиони копии со што се запиша како 55. најпродаван албум во историјата.

На листата на недвижнини Адел има богато портфолио. Во Англија поседува три луксузни стана во Лондон и големи имоти во западен и источен Сасекс.

Во САД има луксузен имот на Беверли Хилс проценет на 10 милиони долари, а пред да се раздели двојката, препишала стан со три сплани во Лос Анџелес на името на Конецки, еден од основачите на проектот “Life Water” и хуманитарниот проект “Drop4drop” кој промовира глобален пристап до чиста и пивка вода.

Адел досега успешно го чуваше приватниот живот далеку од очите на јавноста, од првиот објавен албум. Таа е најпродавана британска пејачка, а зад себе има издадено три албуми со симболични наслови – “19”, “21” и “25”.

Без да издаде нова песна и турнеја, Адел заработила 19 милиони долари (скоро 15 милиони фунти) во 2018 година.

Во изминатите неколку години, пејачката ја напушти кариерата во позадина и се фокусираше на семејството, што таа често “не го гледаше” според нејзините зборови. Додека таа престојуваше дома и се грижеше за својот 6-годишен син, приходите од нејзиниот бизнис скокнаа на 33.000 долари дневно во изминатата година.

30-годишната изведувачка има две музички компании кои се грижат за нејзиниот имиџ и за продажбата на нејзините албуми. Првиот – Melted Stone Ltd оствари нето добивка од 622.548 долари, подружница на Melted Stone Publishing Ltd. заработува 10.523.731 долари. Овие износи ја прават Адел една од најбогатите жени во индустријата.

Во моментот, ѕвездата има приватен авион со кој патува на емисии и одмори. Тоа чини 64 милиони долари. Тим на стилисти, креатори за шминка и фитнес инструктори се грижи за неа. Таа, исто така, има личен асистент (пар) и нејзин телохранител.

Се очекува да издаде нов албум кон крајот на декември . Адел е единствената ѕвезда која живее само од музика, без ниту една снимена реклама за производ или бренд.