16 јули во историјата – САД го спроведоа првиот успешен тест на нуклеарна бомба


 

Откако го започнаа проектот Менхетен, Американците го видоа и првиот тест на нивната нуклеарна бомба. Тестот беше спроведен на овој ден во 1945 година во државата Ново Мексико, а истиот тип бомба беше фрлена врз Нагасаки помалку од еден месец подоцна. САД се првата нуклеарна сила во светот и останаа единствена до 1949 година, кога СССР ја тестираше својата. Откако го изгубија монополот врз нуклеарното оружје, САД влегоа во нуклеарна трка со Советскиот Сојуз.

Нуклеарните истражувања се интензивираа во текот на 1930-тите, кога во Германија беше откриена нуклеарна фисија. Американската влада се плашеше дека Германија ќе биде првата што ќе измисли атомско оружје, па затоа решија да ги престигнат, нудејќи им засолниште на германските истражувачи кои избегаа од Третиот рајх.

Бомбите со ураниум и плутониум беа истражувани паралелно, и обете истражувања резултираа со нивно создавање. Ураниумската бомба не беше тестирана, но нејзиниот прв тест беше јапонскиот град Хирошима, каде што беше фрлена на 6 август. Плутониумската бомба беше идентична со онаа фрлена врз Нагасаки, но за неа беше организирано тестирање.

Тестот се викал Тринити, и било одлучено дека местото за тестирање ќе биде во изолирана пустина во средината на Ново Мексико. Американските власти барале област каде што бомбата би можела да се детонира без да се загрози блиското население. Имало осум можни локации, од кои повеќето биле во Ново Мексико, Колорадо и Тексас. На крајот, тие се одлучиле за локација во централно Ново Мексико, која сега се вика Тринити.

Бомбата требало да биде фрлена на место кое не било населено во радиус од 250 км за да се обезбеди целосна безбедност, но во случајот со Тринити, тоа не било случај. Околу половина милион луѓе живееле во таа зона и постојат студии, направени во подоцнежните години, кои зборуваат за висока смртност кај децата и поголем број случаи на рак кај возрасните. Сепак, истите извори забележуваат дека ова не е резултат само на еден тест, туку на сите тестови што биле спроведени во Невада во текот на 50-те години.

Тимот од Менхетен, предводен од Роберт Опенхајмер, ја детонираше бомбата околу 5,30 часот наутро. Бучавата го разбудила блиското население, но им било кажано дека имало експлозија на муниција што ја транспортирале низ континентот. Тестот беше успешен и Американците беа подготвени да го употребат оружјето.

Базата за тестирање недалеку од Тринити

Во тоа време, Германија веќе капитулираше, па единствениот противник во Втората светска војна беше Јапонија. По победата кај Мидвеј во 1942 година, САД постепено ги освојуваае јапонските бази и упоришта во Западниот Пацифик, а во 1945 година ги истиснуваа од сите области освен од јапонските острови. На крајот на јули, тие донесоа одлука да ја фрлат бомбата врз Хирошима и Нагасаки, иако веќе било јасно дека Јапонија е поразена.

Американските власти не ја фрлиле бомбата врз Јапонија затоа што биле жедни за повеќе крв, туку имале дополнителна причина. Имено, било јасно дека се подготвува нов конфликт меѓу сојузниците, особено меѓу САД и СССР, а многумина тврдат дека бомбата била фрлена за да „покаже мускули“ на новиот непријател. По бомбардирањето на Јапонија, советското раководство брзо започна со сопствени нуклеарни истражувања за да се соочи со САД.

Тоа беше првата детонација на атомска бомба во светот и започна нова етапа во воената историја и влијаеше врз надворешната политика на секој следен конфликт. Светот беше во шок, знаејќи дека следниот конфликт меѓу големите сили може да доведе до уништување од невидени размери, што се покажа како оправдано по Кубанската ракетна криза околу петнаесет години подоцна.