14 август во историјата – Русите ја населуваат Алјаска


 

На островот Кодијак, Григориј Шелихов, руски трговец со крзно, на 14 август 1784 го основа Заливот на тројца светци, првата постојана руска населба во Алјаска.

Европското откритие на Алјаска дојде во 1741 година, кога руската експедиција предводена од данскиот морепловец Витус Беринг го забележа копното на Алјаска. Руските ловци наскоро навлегоа во Алјаска, а домородното население Алеути многу страдаше откако беше изложено на странски болести. На островот Кодијак во 1784 година е основана колонијата Заливот на тројца светци, а Шелихов живеел таму две години со својата сопруга и 200 луѓе. Од Заливот на тројца светци, копното на Алјаска беше истражено и беа основани други центри за трговија со крзно. Во 1786 година, Шелихов се врати во Русија и во 1790 година го испратил Александар Баранов да раководи со неговите работи во Алјаска.

Баранов ја основа руската Американска компанија и во 1799 година му беше доделен монопол над Алјаска. Баранов ја прошири руската трговија далеку по западниот брег на Северна Америка и во 1812 година, по неколку неуспешни обиди, основаше населба во Северна Калифорнија во близина на заливот Бодега. Британските и американските трговски бродови наскоро ги оспорија руските претензии за северозападниот брег на Америка, а Русите се повлекоа на север до сегашната јужна граница на Алјаска. Руските интереси во Алјаска постепено опаѓаа, а по Кримската војна во 1850-тите, речиси банкротирана Русија се обиде целосно да се откаже од територијата.

Царската влада најпрво им пристапи на Соединетите Држави за продажба на територијата за време на администрацијата на претседателот Џејмс Бјукенан, но преговорите беа закочени поради избувнувањето на Американската граѓанска војна. После војната, државниот секретар Вилијам Сјуард, поддржувач на територијалната експанзија, беше желен да ја заземе огромната територија на Алјанска, што беше една петина од остатокот на САД. На 30 март 1867 година, државниот секретар Вилијам Сјуард потпиша договор со Русија за купување на Алјаска за 7,2 милиони долари. И покрај поволната цена од приближно два центи по хектар, купувањето на Алјаска беше исмејувано во Конгресот и во печатот како „глупост на Сјуард“, „ледена кутија на Сјуард“, како и „градина на поларни мечки“ на претседателот Ендрју Џонсон. Во април 1867 година, Сенатот го ратификуваше договорот со разлика од само еден глас.

И покрај бавниот почеток на населувањето од страна на Американците од континенталните Соединетите Американски Држави, откривањето на златото во 1898 година донесе брз прилив на луѓе на територијата. Алјаска, богата со природни ресурси, оттогаш придонесува за американскиот просперитет. На 3 јануари 1959 година, претседателот Двајт Ајзенхауер потпишал проглас за прием на територијата на Алјаска во Унијата како 49. држава.