СКСЗМ на настанот ТОП 100™ ги прогласи најуспешните компании


Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија ги објави најголемите компании на годината, на настанот ТОП 100™ организиран на 20 декември 2022 година во Скопје.

За време на престижниот настан ТОП 100™, беа доделени награди на ТОП 5 најуспешни компании членки на СКСЗМ кои се истакнаа по посебни достигнувања во нивните активности и се истакнаа како водечки компании во 2021 година.

Компанија ТОП 5 за претходната година беше прогласена компанијата Пофикс, потоа Топ 4 компанијата Адријус, Топ 3 Даути Комерц, Топ 2 Нептун, додека првото место оваа година и припадна на компанијата Кипер Маркет.

Меѓу другото беа доделени и втори награди, како што е наградата за филантропија која ја доби компанијата Трим и Лум, наградата за најголем раст во последните 3 години  за  Хилдин Комерц, наградата за бизнис предводен од жена  и припадна на М Сора, наградата за најуспешно партнерство ја доби Маккос, наградата за одржливост  го доби  Ројал Палас и наградата за Топ извозник на СКСЗМ, за Инг Лули.

На овој голем настан учествуваа еминентни личности од политиката, бизнис и граѓанскиот сектор, меѓу кои Претседателот на Собранието на РСМ, Вицепремиерот за економски прашања, министри од економските ресори, министерот за здравство, партиски и општински лидери итн.

СКСЗМ го организира овој настан по 12-ти пат по ред и оваа година беше втора година по ред во која TOP 100™ е заштитен со трговска марка како оригинален проект на СКСЗМ.