12. Десонанз Фестивал во виртуелен формат


Десонанз Фестивал – еден од најпроминентните културни настани во земјава, денеска и утре во Скопје ќе го има своето 12. издание.

Фестивалот, поради ковид-пандемијата, годинава ќе се одржи виртуелно, согласно безбедносните мерки.

-Онлајн програмата ќе биде распоредена во два фестивалски дена, а фокусот ќе биде насочен кон локалната современа електронска музика. Преку Youtube каналот на Десонанз Фестивал, денеска и утре премиерно ќе бидат емитувани авторските настапи на: Марко Рикалоски, Филип Митров и „Tears In Rain“, најавуваат организаторите.

Десонанз Фестивал е организиран со финансиската поддршка на Делегацијата на ЕК во Скопје и Европската куќа Скопје. Институционален партнер на фестивалот е Кинотеката.

Во октомври се навршуваат 13 години од постоењето на Десонанз, но, заради пандемиските услови, фестивалот не се одржа минатата 2020 година.