Бензините и дизелот поскапуваат половина денар
Малопродажните цени на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина денар, додека екстра лесното масло за домаќинство поскапува за еден денар.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 66,50 денари, на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 68 денари за литар, на Еуродизелот 55 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по 44 денари за литар.
Со одлуката се зголемува и цената на мазутот, која ќе изнесува 28,6 денари за килограм.
Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 64 долари за барел, а курсот на доларот 52,16 денари