10 фотографии на неделата


Сицилија, Италија Луѓето на бродот за спасување „Си-Воч 4“ навиваат откако дознале дека можат да прикотват во Палермо. Бродот превезувал 353 мигранти спасени од Медитеранот (Фото: Томас Лонес/АФП)                                                                                   Луѓето на бродот за спасување „Си-Воч 4“ навиваат откако дознале дека можат да прикотват во Палермо. Бродот превезувал 353 мигранти спасени од Медитеранот (Фото: Томас Лонес/АФП)

 

Ламанш
Мигранти со гумен чамец пловат по Ламанш кон јужниот брег на Англија откако преминале од Франција. Премините на мигрантите преку ламанш годинава достигнаа рекордни бројки  (Фото: Глин Кирк/АФП)

 

Барселона, Шпанија
Франциско Еспана (60) е опкружен со членови на неговиот медицински тим гледа на Средоземното Море од шеталиштето близу до болницата „Дел Мар“ во Барселона. Франциско помина 52 дена на интензивна нега поради корона вирусот, но од страна на неговите лекари беше дозволено да помине неколку минути на море како дел од терапијата за закрепнување (Фото: Емилио Моренати/АП)

 

Кеноша, Висконсин
Демонстрант плаче за време на протест против посетата на претседателот Доналд Трамп на Кеноша  (Фото: Керем Јучел/АФП)

 

Минск, Белорусија
Две жени се бакнуваат покриени со старото белоруско знаме додека поддржувачите на опозицијата протестираат во Минск барајќи оставка од авторитарниот претседател на земјата, Александар Лукашенко  (Фото: АП)

 

Белград, Србија
Осамен мигрант од Сирија, на пат кон Германија, одмора во напуштен железнички тунел (Фото: Андреј Исаковиќ/АФП)

 

Газа
Кловнови ги забавуваат палестинските деца за време на заклучувањето наметнато од локалните власти по напливот на случаи со корона вирус во Кан Јунис  (Фото: Махмуд Хамс/АФП)

 

Зипакира, Колумбија
Еден работник ја дезинфицира Солената катедрала во Зипакира, подземна црква вградена во рудник за сол. Солената катедрала, една од главните туристички атракции на Колумбија, чека одобрение за повторно отворање од Министерството за здравство  (Фото: Хуан Барето/АФП)

 

Сук ал Шују, Ирак
Шиитите муслимани тагуваат за време на одбележувањето на битката кај Карбала на 10-тиот ден од месецот на жалост Мухарам, што го означува врвот на Ашура  (Фото: Хусеин Фалех/АФП)

 

Мериленд, САД
Претседателот Доналд Трамп разговара со новинарите во воздухопловната база „Ендрјус“, откако присуствуваше на митинг во Латроб  (Фото: Еван Вучи/АП)