1 јуни во историјата  – „Битлси“ го објавија Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band


 

Инстантната реакција на Боб Дилан на штотуку завршениот албум, кој Пол Макартни го донесе во неговата хотелска соба во Лондон за брзо слушање во пролетта 1967 година можеби не звучи како најпромислената анализа што некогаш била понудена, но сепак ја погоди суштината. „Ох, разбирам“, му рече Дилан на Пол кога го слушна Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band  за прв пат, „не сакате повеќе да бидете слатки“. Со текот на времето, осмиот студиски албум на „Битлси“ многумина ќе го сметаат за најголем во историјата на рокенролот, а океани мастило ќе се истурат во фалењето и анализирањето на неговите револуционерни квалитети. Но, она што Боб Дилан веднаш го сфати беше неговото значење за самите „Битлси“, кои свртеа критичен агол во нивната кариера со објавувањето на Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band  на 1 јуни 1967 година.

Пишувајќи во лондонски „Тајмс“ во 1967 година, критичарот Кенет Тинан го нарече излегувањето на Sgt. Pepper „одлучувачки момент во историјата на западната цивилизација“, но 30 години подоцна, Пол Макартни го нарече одлучувачки момент повеќе од лична природа. „Ние не бевме момчиња, ние бевме мажи“, така тој го сумираше начинот на размислување на „Битлси“ кога тие се откажаа од настапите во живо и почнаа да се дефинираат себеси чисто како студиски бенд. „Сето тоа момчешки работи, сето тоа врескање, не сакавме повеќе“, рече Макартни. „Сега имаше повеќе за тоа“. Со Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band, „Битлси“ ја објавија својата намера да бидат гледани „како уметници, а не само како изведувачи“.

Sgt. Pepper често се наведува како првиот „концептен албум“ и како инспирација за другите големи поп ѕвезди од 60-тите, од „Стоунс“ и „Бич бојс“ до Стиви Вондер и Марвин Геј, да достигнат нови височини на креативност. За самите „Битлси“, 1967 година означи не само нов креативен врв, туку и почеток на тригодишен период во кој групата сними и издаде неверојатни пет оригинални студиски албуми, вклучително и два – „Битлси“ од 1968 година (позна како „Белиот албум ”) и Abbey Road од 1969 година – кои го заземаат 10-то и 14-то место на листата на најдобри албуми на сите времиња на списанието „Ролинг стоун“. Исто така во првите 15 на таа листа се Rubber Soul (1965) на #5, Revolver (1966) на #3 и Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band на број 1.