​​Меј ќе го одложи гласањето за Брегзит


Британската премиерка Тереза ​​Меј се очекува да го одложи закажаното за вторник клучно гласање во Парламентот за договорот за Брегзит и на почетокот од следната недела да замине во Брисел на нови разговори, објави „Сандеј Тајмс“.

Весникот цитира „министри и помошници“, според кои Меј денеска ќе објави дека го одлага гласањето. Многумина предвидуваа дека таа ќе загуби на гласањето и министрите се загрижени дека поразот може да доведе до пад на Владата, пишува весникот.

Меј следната недла ќе замине за Брисел за да упати последен повик до Европската унија за подобри услови во договорот за излез на Велика Британија, со цел да добие поддршка од пратениците.