Џорџ Клуни, Ренди Гербер и Синди Крафорд: Има ли пилот во авионот?


САД- Тројцата пријатели бизнисменот Ренди Гербер (56), актерот Џорџ Клуни (56) и топ-моделот Синди Крафорд (52) беа најозборуваната тројка на Ноќта на вештерките во Холивуд.

На забавата на компанијата за текила „Казамигос“ која ја продадоа лани, се маскираа како пилоти, а Крафорд беше стјуардеса. Амал Клуни, адвокатката за човекови права и сопруга на Џорџ, останала дома да ги чува 16-месечните близнаци Александер и Ела.

-Многу се забавувавме. Ми требаше пауза од менување на пелени, се шегуваше Клуни на социјалните мрежи.