Џорџина Чепман ќе добие 12 милиони долари по разводот од Вајнстин


САД- Џорџина Чепман нема да си замине со празни раце од бракот со Харви Вајнстин. Модната дизајнерка може да си замине со речиси 12 милиони долари благодарение на предбрачниот договор склучен меѓу поранешниот пар, велат извори на списанието „Пипл“.

Според предбрачниот договор, Чепман треба да добива по 300 илјади долари годишно како брачна издршка за 9-те години минати во брак. По 10 години брак, сумата се зголемува на 400 илјади долари.
Иако Чепман и Вајнстин ја објавија разделбата во октомври, на 15 декември беше нивната 10-годишнина од бракот. На 10 октомври Чепман изјави дека го напушта Вајнстин по обвинувањата за сексуално злоупотребување. Во изјава за „Пипл“ таа рече „Ми се крши срцето за сите жени што настрадале“.

„Таа не сака да биде во брак со Харви“, дознава списанието „Пипл“ од свој извор. „Таа сака развод. Но, исто така и не ѝ се брза“.
Шеесет и петгодишниот Вајнстин беше во брак со 41-годишната Чепман од 2007 година и имаат две деца на возраст од 7 и 4 години. Вајнстин има уште три деца од претходниот брак.
Дискредитираниот филмски могул замина во луксузен хотел во Аризона откако изби скандалот во октомври. „Неговиот тим му најде безбедно место и се погрижи да ја добие потребната нега – нему му треба помош“, вели изворот за „Пипл“.
Продуцентот, кој е повеќекратен добитник на „Оскар“, беше обвинет од преку 50 жени за сексуално малтретирање откако „Њујоркер“ документираше дека со децении Вајнстин наводно сексуално малтретирал голем број жени, во детални статии на почетокот на овој месец.