Џоли ќе уредува радиопрограма на Би-би-си


Анџелина Џоли (43) ќе биде гостин редактор на радиоемисија на Би-би-си за време на католичките божиќни празници.
Во рамките на програмата на „Контакт музика“, во неколку емисии таа ќе говори и за своите ангажмани како хуманитарец и како амбасадор на канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).
Целта на овие емисии ќе биде да се преземе целосна контрола на вестите, за да се кажат проблемите на најзагрозените во светот.
Како што се најавува, „барем за празниците да се посвети внимание на вистинските проблеми“.
Агентот на славната актерка соопшти дека Џоли е благодарна што добива можност преку едно од најслушаните и највлијателните радија во светот да ги пренесе пораките на најранливите.
– Таа веќе почна да работи со тимот на радиопрограмата и се очекува да се вклучат со широк и разновиден опсег на теми и прашања – додава агентот.
Во меѓувреме, Џоли повторно ги полни насловните страници на светските таблоиди на темата брак-развод со Бред Пит.
Тие се подготвуваат да потпишат договор за децата бидејќи сфаќаат дека нивното несогласување најмногу ним им наштетува. Така, ѕвездите ќе ја избегнат и долгата судска битка.
Иако Џоли првично сакаше децата да бидат само со неа, а Пит да добие „минимално време“ со нив, договорот ќе му дозволи повеќе време отколку што таа очекуваше.
Тие имаат шест деца. Најголемиот е Медокс и има 17 години, Пакс има 14, Захара 13, Шило има 12, а близнаците Вивиен и Нокс имаат по 10 години.
По потпишувањето на договорот, ѕвездите ќе се фокусираат на финансиските детали. Тие мора да делат стотици милиони долари. Актерката неодамна ги предложи своите финансиски барања до правниот тим на нејзиниот поранешен сопруг.
Во август актерите постигнаа привремен договор за старателство на децата, неколку недели откако Анџелина Џоли го обвини Бред Пит дека не плаќа алиментација за нив. Неколку дена подоцна, тој одговори дека ѝ дал на заем 8 милиони долари, за да помогне да го купи сегашниот дом и платил над 1,3 милион долари за неа и за децата.
Оваа година судот нареди Анџелина Џоли да се грижи за децата, но да поминуваат повеќе време со својот татко.