Џијан Емин ќе настапи со Националниот оркестар де Лорен и Дерик Меј во Мец


Македонскиот музичар Џијан Емин денеска ќе настапи во францускиот град Мец како диригент на Националниот оркестар де Лорен заедно со легендарниот диџеј и еден од пионерите на детроитската техно-сцена Дерик Меј.

На концертот ќе гостува Франческо Тристано, композитор и пијанист од Луксембург.

Првата концертна соработка на Џијан Емин и Дерик Меј беше во 2014 година во Античкиот театар во Охрид, по што двајцата уметници со различни оркестри настапуваа во Европа, САД и Австралија.