Џибони му напиша песна на Здравко Чолиќ


Регионалната и хрватска поп-ѕвезда Златан Стипишиќ- Џибони напиша текст за новиот сингл на балканската поп-ѕвезда Здравко Чолиќ. Со премиерата на синглот „Куча пуна народа“ Чолиќ го најавува новиот, 15.студиски албум, насловен „Оно мало среќе“, кој од 15-ти декември е во продажба низ регионот.

Автор на музиката на новата песна е Здравко Чолиќ, а аранжманот и продукцијата ги потпишува Никша Братош.