Џејн Сејмур се соблече за „Плејбој“ на 67 години


САД-Актерката Џејн Симур позираше за „Плејбој“ на 67- годишна возраст, откако така стана највозрасната жена која застанала пред објективот на машката библија. Веста ја соопшти самата таа во својот Инстаграм профил, а дел од статусот нејзин под сликата гласи: „… на 67 години се чувствувам подобро од било кога“. Само за неколку часа постот нејзини собра над 7 илјади лајкови.

Ова е трето позирање на акерката за „Плејбој“. Претходните нејзини две фотосесии се од 1973 и 1987 година. Сејмур е позната и како една од девојките на Џејмс Бонд (од 1973 година, каде Бонд е Роџер Мур). Тврди дека денес се чувствува посекси отколку во почетокот на кариерата, иако сфаќа дека на нејзина возраст, жената обично е „невидлива и незабележителна“.

„Се чувствувам удобно во својата кожа, но не сакам на никого ништо да докажувам“, изјави таа во интервју во списанието.