Џеко прогласен за играч на третото коло во Лигата на шампионите


Фудбалерот на Рома и капитен на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Един Џеко, е прогласен за најдобар играч на третото коло во Лигата на шампионите.

Рома во ова коло од групната фаза со 3:0 ја совлада ЦСКА, а Џеко постигна два гола и асистираше за третиот погодок.

Благодарение на овој учинок Џеко ја доби титулата играч на колото.