Џајковски по долга пауза промовираше нова песна


Македонскиот композитор и продуцент Кирил Џајковски го објави новиот сингл „Reminder“ за кој е изработен и видеоспот, а со кој се враќа на сцената по подолга дискографска пауза.

Песната „Reminder“ е прва соработка со новиот член на неговиот концертен бенд, вокалистот Дејвид Лајон и претставува храбра комбинација на балкан бит звукот со глич-хоп и реге влијанија.
Ова издание под етикетата на „Филтер лабел“ е прво во низата синглови со нова музика на Џајковски, кои ќе бидат објавени во текот на следните месеци и коинцидираат со засилена концертна активност на најпопуларниот македонски електронски артист. Имено, „Reminder“ наскоро ќе ја има и својата концертна промоција на новогодишниот настап на Џајковски во Шибеник, Хрватска.
Синглот „Reminder“ е премиерно објавен на официјалниот Јутјуб-канал на Џајковски, а е достапен за слушање и симнување преку сите водечки дигитални сервиси во светот.