Џафери сведочеше дека и нему му се заканувале со убивање


Собранискиот спикер Талат  сведочеше пред судот на рочиштето за убиството во обид на Зијадин Села. Според него толпата се заканувала со убиства, не само на Села туку и на други парламентарци.
„Ќе ве убиеме сите, нема да излезете од овде. Ја продадовте државата“, извикувале тие. За да го го заштитат Џафери, пратениците направиле кордон, а меѓу оние кои застанале пред него биле и Зоран Заев, Оливер Спасовски и Дамјан Манчевски.

Собранискиот спикер пред судот рече дека Села бил лево од него, но во еден момент додека зборувал на мобилен, го снемало.

„Зборував на мобилен, а кога се свртев Села веќе не беше таму. Мислев дека е евакуиран, но еден од напаѓачите дојде и извика:‘Завршивме со Села, сега на вас е редот’. Тогаш разбрав дека нешто му се случило на Села“, сведочеше Џафери.

Џафери бил евакуиран од собраниското обезбедување и однесен во касарната во Ѓорче Петров. Од таму, според неговото сведочење, бил да го посети Села во болница, а потоа заминал дома. Сведочењето е во тек.