Џафери на одбележувањето на 10-годишнината од независноста на Косово


Претседателот на Собрание на Република Македонија, Талат Џафери денеска присуствуваше на одбележувањето на 10-годишнината од независноста на Косово.

Џафери, како што соопшти неговиот Кабинет, на свечената академија, што се одржала во општина Сухарека бил прогласен за „почесен граѓанин” на општината.

Присуствувал и на свечена седница одржана во Собранието на Република Косово, а ја проследил и парадата на косовските безбедносни сили и полицијата.

По повод 10-годишнината, бил организиран и прием од страна на косовскиот претседател Хашим Тачи.