Џаровски: Кај што има Хрвати и Срби, таму се местенките


Акцијата „Чиста рака“ вперена против перењето пари и местењето натпревари го стресе фудбалскиот свет. Полицијата врши претреси во Белгија, Франција, Кипар, Србија и Македонија. Само во Белград и во Ниш се запленети 800.000 евра. Се испитуваат членови на управи на фудбалските клубови, менаџери на играчи, адвокати, сметководители, злаатри и новинари. Најголемаат драма се случува во Белгија, каде дури осум клубови од првата лига се сомничат за местење. Приведени се десетина лица, но засега против ниту еден од нив не е поднесено обвинение. Меѓу приведените е и тренерот на белгискиот првак Бриж – Хрватот Иван Леко, како и српскиот менаџер Дејан Велковиќ, за кого се тврди дека го контролира целиот пазар во Белгија. Се јави и легендарниот Велибор Џаровски, кој даде изјава за загрепски „24 сата“.

„Во Белгија се мести најмногу во Европа, затоа што таму играат најмногу играчи од поранешна Југославија. Тоа го зборував уште пред десет години. Кога Стандард изгуби од Варегем, ’рикна’ цела Европа. Каде што има Срби и Хрвати, таму најмногу се мести. И јас работев и местев во Хрвати, тоа ќе го правам и во иднина. Видете, белгиската полиција ја прислушува цела Европа, имаат софистицирани методи против местенките, па ако ги издвоиле Леко и Велковиќ, сигурно имаат нешто против нив“, заврши популарниот Џаро.