Ѝ платиле на медицинска сестра да ги вакцинира со лажни вакцини – сè снимено на камера


 

Лица кои се противат на вакцинацијата против Ковид-19 на Сицилија, Италија ѝ платиле на медицинска сестра да има стави лажни вакцини за да добијат здравствен сертификат.

Три лица, меѓу кои и медицинска сестра и локален лидер на движењето познато како „Но-вак“, уапсени се и се соочуваат со обвинение за корупција и фалсификат, пренесе „Блиц“.

Полицијата користела скриеан камера за да ја сними медицинската сеста во главниот центар за вакцинација како го празни шприцот со вакцина во маралче, пред кусо да ја стави иглата во раката на примачот.

На овој начин добиени се десетина здравствени пропусници, меѓу кои и на еден полицаец. Локалните медиуми соопштија дека луѓето плаќале и по 400 евра за оваа услуга.

Во настојувањето да се сопре ширењето на инфекцијата од корона вирусот, италијанската Влада ја прогласи вакцинацијата задолжителна за здравствените работници, наставниците, службениците за спроведување на законот и за војската.

Околу 81 отсто од Италијанците се вакцинирани, што е една од највисоките стапки во Европа, со дополнителни 26 отсто кои примиле бустер доза

Бидејќи на невиакцинираните им е забранет пристап до ресторани, барови, музеи, кина, клубови и спортски натпревари, зачестија случаите на мамење на системот.

Порано овој месец, еден Италијанец се појави на вакцинација со силиконска рака.