Ќе остане ли споменикот на Александар на скопскиот аеродром?


Постапката за преименување на автопатот „Александар Македонски“ на Коридорот 10 и на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ќе почне по објавување во ЈП „Службен весник“ на одлуката што за Скопје” како и автопатот што го поврзува Скопје со грчката граница во автопат “Пријателство”.

Од декември 2006 година, пак, исто така со одлука на претходната Влада скопскиот аеродром доби име „Александар Велики“, кое треба да биде замането со Меѓународен аеродром Скопје. Претставници на концесионерот на македонските аеродроми ТАВ неодамна изјавија дека станува збор за политичко прашање и оти ќе ја почитуваат одлуката.

Грчкото МНР ја поздрави одлуката на македонската Влада за преименување на аеродромот. Оттаму соопштија дека “ова ќе значи отворање на ново поглавје во односите на двете земји и двата народи”.

Неизвесна е судбината на споменикот на Александар Македонски кој се наоѓа во внатрешноста на згрдата на скопскиот аеродром.Тој е подарок за македонскиот народ од Мурат Орнекол, потпретседател на Холдингот ТАВ Аеродроми.

Шилегов во интервјуто за грчкиот весник “Етнос”објаснува дека веќе е формирана комисија што ќе даде мислење во однос на евентуалното отстранување на одредени споменици, бидејќи вели дека станува збор за чувствително прашање, за кое не може да одлучува сам, затоа што ако одлучи сам „нема да биде по ништо поразличен од оние што го создадоа проектот на особено нетранспарентен и нелегален начин.