Ќе куртулак 56 дрвја на „Коста Новаковиќ“


Оптшина Аеродром одлучи да не ги исече децениските дрвја долж улицата „Коста Новаковиќ“ во стар Аеродром, иако така планирал претходниот градоначалник.

„Според проектната документација за проширување на улицата ‘Коста Новаковиќ’ одобрена од претходниот градоначалник Ивица Коневски, 56 дрвја од двете страни на коловозот се мапирани за сечење. Тендерската постапка за овој проект е спроведена и изведувачот е одбран непосредно пред почетокот на локалните избори. Ваквата реализација на проектот е спротивна на заложбите на новото раководство на Општината, кое се стреми да го заштити и дополни постојното зеленило во Аеродром. Токму затоа Општината донесе одлука да почнеме само со реконструкција на коловозните ленти, без да се сечат околните дрвја“, информираат од Аеродром. Оттаму посочуваат дека во меѓувреме побарале измена на проектот во изведба за да се заштити што повеќе зеленило.

До тогаш, од Општината ќе извршат реконструкција на водоводните цевки, односно ќе го зголемат капацитетот на водоводната мрежа условен од големиот број згради во тој регион.

Планирано е на „Коста Новаковиќ“ да се изведе и неопходната инфраструктура оти сега улицата е небезбедна за сите учесници во сообраќајот.

Недостасуваат тротоар, осветлување, велосипедска патека, а потребна е и санација на пристапите до паркинзите на зградите, кои редовно се поплавуваат.