Ќе користиме холандски искуства во јавните финансии


Министерот за финансии Драган Тевдовски оствари средба со холандскиот министер за финансии Вопка Укстра за време на Конституенцата Светска банка – ММФ што се одржува во Сплит.

На средбата присуствуваше и извршниот директор на Светска банка Френк Хемскирк.

За време на состанокот, како што соопшти Министерството за финансии, Тевдовски се заблагодари за поддршката која Холандија и ја дава на Македонија во секторот јавни финансии. Информира за планот за реформите во јавните финансии чија имплементација е во тек.

Двајцата министри зборувале и за важноста од транспарентност во јавните финансии. Притоа, министерот Тевдовски посочил дека зголемувањето на транспарентноста е еден од главните приоритети на Владата.

За време на состанокот се зборуваше и за Меморандумот за соработка 2017-2019, кој беше потпишан помеѓу двете министерства во август 2017 и кој предвидува билатерална соработка преку размена на искуства, обуки и консултации за јавните финансии. Во контекст на интензивирање на соработката министерот, Тевдовски го покани холандскиот министер да ја посети Македонија, информира Министерството за финансии.