Ќерката на Зоран Ѓинѓиќ вработена во српската влада


Јована Ѓинѓиќ, ќерка на починатиот српски премиер, Зоран Ѓинѓиќ, била вработена во владата на Србија. Таа веќе некое време работи во тимот на српската владата во секторот за социјално вклучување и намалување на сиромаштијата.

Ќерката на Ѓинѓиќ работи во владините институции од почетокот на 2016 година и моментално е вработена како координатор за родова еднаквост и човекови права, во тимот за социјално вклучување и намалување на сиромаштијата.

Претходно работела како софтверски асистент. Јована својот ангажман во секторот за социјална инклузија го почнала во март 2016 година како стажант.

Потоа, во нејзината биографија стои дека се занимавала со прашања на ЛГБТ-популацијата, инклузија на Ромите и инклузивно образование.

Јована Ѓинѓиќ дипломирала во 2013 година на Факултетот за медиуми и комуникација на Универзитетот „Сингидунум“, на насока на комуникација.

По завршувањето на факултетот, таа го продолжила своето образование на Универзитетскиот колеџ во Лондон, каде што магистрирала.