Њу Џерси ќе му одаде почит на Бурден со мапа за храна со негово име


САД – Њу Џерси планира да му оддаде чест на славниот готвач и патеписец Ентони Бурден со мапа за храна.

Домаќинот на серијалот на Си-Ен-Ен „Непознати делови“ се самоуби пред речиси две недели во луксузен хотел во Франција. 61-годишниот Бурден е роден во Њујорк, но израснал во предградието на Леонија, Њу Џерси.

Демократскиот пратеник на Њу Џерси, Пол Мориарти вчера ја претстави резолуцијата со која ќе се бара од Одделот за патување и туризам да ја воспостави „Мапата со храна на Ентони Бурден“. Бурден посетил 10 ресторани во државичката во епизода од 2015 година на „Непознати делови“.

Едно од местата беше „Донкис плејс“ во Камден, за кое рече дека е конкуренција на Филаделфија за стековите со сирење.