Њукасл го привлече помалиот Лукаку


Њукасл го зеде на позајмица до крајот на сезоната дефанзивецот на Лацио, Џордан Лукаку, објавија медиумите во Италија, а се очекува официјално соопштение од клубовите во следниве часови.

Дваесет и четири годишниот лев бек, кој е помал брат на напаѓачот на Манчестер Јунајтед – Ромелу Лукаку, има поставено клаузула во договорот, која им овозможува на Њукасл да го откупат по крајот на сезоната.

Џордан Лукаку е дел од составот на Лацио од 2016 година, но повредата на коленото му попречи да земе учество во поголемиот дел од натпреварите на „римските орли“ од почетокот на сезоната.