Љупчо Јаневски, именуван за в.д директор на Агенцијата за туризам


Владата на денешната седница го именува Љупчо Јаневски за в.д. директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Владата на претходната седница го расреши Александар Донев  од позицијата директор на Агенцијата за туризам, откако тој беше критикуван од јавноста  дека во ноември минатата година патувал до Аргентина со лет од бизнис класа, кој чини 220 000 денари.

На позицијата в.д директор на Фондот за здравствено осигурување повторно е избран Данаил Ден Дончев. Тој првпат беше назначен на оваа позиција во август, минатата година.

Владата денеска ја разгледа и усвои информацијата за плановите на Министерството за одбрана за понатамошен развој и промоција на „Криволак“ како меѓународен полигон за обука и извежбување.